ВЕ ПОВИКУВАМ КОН МНОГУ ПОВИСОК ЛЕТ

Ве повикувам кон многу повисок лет, кон целосна самопожртвуваност, кон акт на смелост (храброст), кои го повикуваат на предизвикувачка средба здравиот разум.

Ве повикувам кон Бога, кон Тој, Кој го надживеа светот за да можете да го спознаете бескрајниот рај на духовната радост, рајот, кој вие го барате прпелајќи се во вашиот личен пекол и во состојбата на неосознаен бунт…

Вие сте во Христовата Црква секогаш кога подигате човек скршен од болка,
кога давате милостина на сиромашните, кога посетувате болен.

Вие сте во Христовата Црква кога се молите:

„Господи, помилуј ме“.

Вие сте во Христовата Црква кога сте добри и трпеливи, кога не се гневите на својот брат, иако тој ги повредил вашите чувства.

Вие сте во Христовата Црква кога се молите:

„Господи, прости му“.

Кога чесно се трудите во работата и дома се враќате изморени, но насмеани; кога за злото враќате со љубов –вие сте во Христовата Црква.

Зар, млад пријателе, не гледаш колку е блиску Христовата Црква?

Ти си Петар и Бог ја ѕида Својата Црквa врз тебе.

Ти си каменот од Неговата Црква, кој од ништо не може да биде совладан…

Со нашата вера да изградиме храмови, храмови кои никава човечка сила нема да може да ги сруши, храмови на Црквата, чија основа е Христос…

Сочувствувај со братот до тебе!

Никогаш не прашувај: „Кој е тој?“

Подобро речи:

„Тој не е странец (туѓ), туку мој брат.

Тој е камен од Христовата Црква, како што сум и јас“.

Старец Георги Калчу (Романија)

Претходна статијаСв. Фануриј – Заради оваа молитва мнозина добиваат помош…
Следна статијаСамо таква молитва Бог слуша!