Вистинското прашање е дали се каеме и дали живееме во покајание.

Вистински израз на покајание е простувањето на сите оние што нам ни згрешиле и нѐ повредиле со нешто, во кој било миг од нашиот живот.

Бог не поставил никакви препреки пред вратата на Царството Божјо.

Препреките самите си ги поставуваме со непростување.

Видете ја и молитвата „Оче наш“:

„и прости ни ги долговите наши како што им ги проштеваме и ние на нашите должници“.

Можеме и поинаку да ја формулираме:

и немој да ни ги простиш гревовите наши ако ние не им простуваме на нашите должници. 


Ако простуваш, Го ставаш Бог во „замка“ на Неговите сопствени зборови. Тој не е човек, па да не го одржи ветувањето.

Наједноставно е кажано: „Ако им ги простите на луѓето гревовите нивни, и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен“.

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Претходна статијаЗА БОГОРОДИЧНАТА МОЛИТВА (…и таа молитва ќе ве спаси!)
Следна статијаПОСЛУШАНИЕТО Е НАД ПОСТОТ И МОЛИТВАТА