25 jули – се празнува во чест на чудотворната икона на Божјата Мајка иконата ,,Троеручица”

Иконата на Пресвета Богородица Троеручица беше семејно богатство на св.Јован Дамаскин и тој ја чувал во својот домашен параклист во Дамаск, во почетокот на VIII век.

Тогаш цела Сирија се наоѓала под власт на Арапите муслимани. Тогашниот калиф на Дамаск, престолнината на Сирија, Валид (705- 715), како муслиман незнаел да ги уредува верските работи на Христијаните од Сирија.

Заради тоа во својата палата како прв советник околу прашањата на потчинетото Христијанско население, го запослил тогаш сеуште мирајнинот Јован Дамаскин. Калифот го поштувал Јован поради неговото големо образование и добри особини.

Во тоа време , VIII век, се појавила ерес на иконоборство, со средиште во Константинопол. А негов основач бил византискиот самодржец Лав III Исавријан.

Се`уште световен човек Јован Дамаскин но ревносен верник, од Дамаск ја прогонувал иконоборната ерес пишувајќи писма и со зборови. И така се покажал како поборник и подржувач на светите икони.

Дознавајќи за него Лав Исавријанец го замразил и измислил една подлост против него: имено, се потрудил и пронашол едно од писмата напишано од св.Јован Дамаскин и му наредил на својот доверител калиграф да научи да го имитира ракописот на св.Јован Дамаскин и да напише едно лажно послание .

Тоа послание, наводно, е напишано до него самиот, автократор Лав Исавријан, во кое св.Јован, наводно, го повикува да дојде и без борба да загосподари со градот Дамаск од кој тогаш одсуствувал калифот.

Ова клеветничко и измислено послание Лав го испратил на својот пријател, калифот на Дамаск, Валиду(705 – 715), додавајќи и свое писмово кое го уверува во љубовта која ја има спрема него, а ја покажува со тоа што му го испраќа посланието напишано од раката на Јован, и дека со тоа се гледа дека Јован е завереник против Валидовиот калифат.

Калифот го примил и прочитал писмото и поверувал во зборовите на Лав Исавријан и наредил без понатамошно испитување да се одсече десната рака на Јован со која е напишано наводното послание и за пример на сите да се обеси на главниот плоштад во Дамаск.

Заповедта била извршена веднаш. Приквечер Свети Јован ја побарал да му ја дадат отсечената рака бидејќи заповедта на калифот веке е извршена.

Држејќи ја со левата рака отсечената десница споена со местото каде што беше отсечена, клечејќи пред иконата на Богородица цела ноќ Ја молел Пресвета Богородица да го исцели за да продолжи да пишува против иконобрците.

После долга молитва, уморен од болка и мака, запал на кратко. И во сонот Ја гледа Пресветата Богородица жива на иконата и ја слуша како му зборува дека раката му е исцелена и дека нетреба повеќе да се жалости, само треба да го исполни она што го вети, односно да продолжи да пишува во заштита на светите икони.

Свети Јован се разбудил и видел дека неговата рака е навистина здрава и стои на своето место. Единствено на местото каде што била пресечена останало како црвена линија, за подсетување колку на страдањето толку и на чудото кое го направи Пресвета Богородица.

Поради радост и благодарност према Богородица, св.Јован на долната лева страна на иконата дал да се направи рака од сребро и ја приспоил сребрената рака, слична на отсечената.И од тогаш иконата го добила името Троеручица.

До ден денес, овој обичај го практикуваат верните и на чудесен начин излекувани христијани кои на светите икони ставаат различни златни или сребрени предмети во вид на дел од човечко тело кое е ислекувано на чудесен начин.

Исто така Според преданието, свети Јован напишал химна на благодарност кон Богородица:

“Сите созданија се радуваат во Тебе, Благодатна”, – која се кажува на местото на химната “Достојно ест”, во Литургијата на свети Василиј Велики.

После ова чудесно исцеление, св.Јован одлучува да го напушти светот и да се замонаши.

Гледајќи го излекуван, калифот го сватил дејството на Божјата сила и побарал опростување за неправедната казна. Многу разжалостен калифот најпосле му одобрува на Јован да се одалечи од светот.

Целиот текст:

ИЗВОРПравославие.мк
Претходна статијаЗа послушанието кон духовниот отец – Старец Јосиф Спилеот
Следна статијаГАВРИИЛ – Божја крепост!