ЧЕТИРИЕСЕТ И ТРЕТО ПИСМО
Навистина познавав еден брат кој беше во истапување – грабнување на умот додека седеше во ноќта под полна месечина
По Божјо допуштение, златна моја сестро, јас, еве пак разговарам co тебе, co посредство на мастилото и хартијата. На Света Гора се вратив пред петнаесет дни. Ти напишав писмо, пред да отидам во Солун. Ти ги пратив светите икони и една преполна кошница.
Заборавив што имаше ставено внатре, во неа. Мислам дека чај и лешници, благослов за твоите дечиња. Ќе го земеш тоа од Вероника, од манастирот Мелетиј, иако досега тоа сигурно веќе ти го предале.
Имајќи предвид, дека малку се забави писмово, кога појдов не ти пишав да дојдете во Солун, зашто можеше да се случи да се задржите, a jac брзав за да се вратам. Поради тоа и не го одржав ветувањето кое ти го дадов. Ќе ве видам вас, a и вие мене, некој другпат, како Бог ќе сака. Како Господ ќе ја нареди, така ќе биде.
Сега, само те молам, во искушенијата да покажеш трпение.
He грижи се за парите кои се потребни за светите икони, кога ќе ги имаш ќе ми ги пратиш, заедно co парите за другата икона, на која се изобразени светитеТри Ерарси. Сега работат на неа и наскоро ќе биде завршена. И те молам, од таа жена, која е сиромашна, да не бараш повеќе пари, зашто таа може и да ги нема.
Ако Господ сака, јас овде ќе се погрижам за се’. Сакам само да ми ги прати имињата на своите починати родители, за да ги спомнувам.
Ако уште некоја жена сака икона, нека ме извести за тоа и нека прати пари, a jac ќе ја порачам. Тоа не ми е тешко, и јас на тој начин им помагам на отшелниците. И тие од своја страна ми помагат мене. Тука не се работи за никаква заработка, туку за исполнување на љубовта за која говори Господ: „Љубете се едни co други”.
Освен тоа, монахот е должен деноноќно да се принесува како жртва за слава на Бога и Неговата љубов.
Ние овде, сестро моја, воопшто не спиеме во текот на ноќта и секоја вечер служиме бдение. По цела ноќ се молиме за целиот свет. Малку се одмораме наутро и попладне, после јадењето. Такво е нашето правило.
Половина ден го поминуваме во работа, a остатокот од времето го поминуваме во тихување и задоволни сме со тоа.
Подвижнички живот! Пустина! Ангелски живот, преисполнет co благодатта! Кога само би постоело некое место, од кое можеш да не’ видиш! Ax, кога би можела само малку да не’ видиш!
Овде е, сестро моја, рајот на земјата. И ако некој, уште од самиот почеток го прифати суровиот и возвишен живот, тогаш ќе стане навистина свет.
Ако, пак, појде по нешто поширокиот пат, покасно ќе дојде до провалија. Тој пат, низ провалијата, може некогаш да биде многу полош отколку луѓето во светот.
Ѓаволот силно војува против монасите, зашто сака да My ce освети на Христос, и вели:
„Гледај Назарејче, еве ги Твоите војници! Ти им ветуваш Небесно Царство, а тие од Тебе се одрекуваат! Поради мала наслада на грлото тие ме следат мене!” Така се фали демонот.
И затоа, оној, што сака да стане монах, мора да поседува големо самоодрекување. Мора да си каже дека веќе нема да живее во овој живот.
Мора да се распне, трпејќи го секое искушение кое ќе дојде: глад, жед, неправда, навреди и тешкотии од секаков вид. Ако тоа не го земе предвид и дојде овде, надевајќи се на добар живот, подобро да не доаѓа и во светот нека си живее како добар христијанин, било да е во прашање маж или жена.
За монахот постои посебно време, кога во него престојува и му помага благодатта, па тогаш човекот се наоѓа во pajoт, живеејќи како ангел во тело. А кога благодатта ќе се оддалечи за да биде испитан, тогаш во секој момент вкусува од отровната вода на адот. Темнина и душевно страдање. Но, повторно ке дојде светлината и утехата, па потоа повторно непоимливо страдање.
А оној, што е брачен, чекори по средниот пат: не знае што се тоа големи ридови, па затоа и нема големи падови. Бог на секого нека му помогне во носењето на она бреме, кое е способен да го носи.
Зашто, во монашкиот живот постои едно големо бреме и еден голем подвиг. На оној, што ќе му пристапи, потребно му е големо трезвеноумие и непрестајно присилување на природата, за да може до самата смрт да не стане самоуверен и да не ослабне неговото внимание.
Инаку, веднаш ќе падне и ќе пропадне, зашто крволочните и лукави демони будно го следат и го исчекуваат погодното време за тоа. Затоа, Господ нека не’ просветли и зачува.
Сите ние, кои сме во монаштвото, го напуштаме светот и се’ што е световно, само co една и единствена цел: да можеме да се удостоиме co непропадливите и вечни богатства. А кој ќе ја заборави таа цел, покажува дека не разбрал, зошто го избрал суровиот пат на монашкиот живот.
Нашиот сопствен подвиг не е само презирање на се’ што е пријатно, туку и на се’ што е неугодно во сегашниот живот, како и секојдневно преселување на нашето живеење на небесата.
Да го засакаме co сета своја душа и срце Господ, нашиот Исус Христос и Неговата најслатка Мајка, зашто Тие први не’ засакаа нас. Кога ќе поминеме преку бурата на овој живот, таму веќе нема да се одделуваме од Нив. Секогаш ќе ја созерцуваме неискажливата слава и убавина, подготвена за оние што љубеле и трпеле.
Навистина, знам еден брат, и тоа не е лага, кој беше во истапување – грабнување на умот додека седеше во ноќта, под полна месечина, во најдлабоката пустина.
Безгранична тишина. Таму немаше ниту човек, ниту ќелија. Додека бдееше и се молеше, му се јави птичји глас, па во целост беше обземен неговиот ум и беше привлечен co сите свои чувства.
Појде по него, за да види од каде доаѓа тој сладок глас. Гледаше таму-ваму, како да е надвор од себе, гледаше и одеше, но не co очите и нозете, туку co восхитувањето.
Продолжувајќи да чекори, здогледа една неискажлива светлина, преисполнета co благоухание и благодат. Напуштајќи го пеењето од птицата, беше вознесен или подобро кажано, заробен во созерцание на заслепувачката светлина.
Одејќи како некој јуродив, излезе на една патека, бела како снег. Од двете страни се наоѓаа дијамантски ѕидови, нешта кои не е можно да се опишат. Кога погледна внатре, виде еден прекрасен рај, кој беше украсен co најразлични цветови, кои беа златолисни, така што човечкиот јазик тешко може да ги опише.
И тој гледаше и се чудеше, безумно обземен од таа претстава. Зачекори понатаму, а потоа во средината виде снежнобела палата, која се креваше дури до небото.
Пред нејзината врата стоеше нашата Владичица Богородица, Царицата на ангелите, нашиот единствен мир, неискажливиот миомирис и утеха на секоја христијанска душа. Во своите прегратки Го носеше Богомладенецот, бел како снег, Кој блескаше појако од илјада сончеви зраци.
Кога овој брат пристапи, падна како син пред својата Мајка, целиот пламтејќи од својот Божествен ерос. Таа го прегрна и го целива како вистинско свое чедо.
О, еросу на Божјата љубов! О, мајчинска љубов кон својот син! Таа го прегрна како свое чедо! Го исполни co своето неискажливо благоухание.
Тој вистинољубив човек ми кажуваше дека, сеќавајќи се на ова созерцание, сите овие години во својата душа го чувствува истиот тој миомирис и наслада. Тој неопислив и најсладок Младенец, го помилувал неговото лице co Својата полничка рака.
Мајката му ја разоткрила и тајната, поради која co денови пеколно се молел. Синот му го кажал уште и тоа, дека поради насладувањето co таквата радост, мора да се повикува, да страда до крајот на животот.
Се вратил no истиот пат no кој дошол, иако тоа не го сакал. Додека се оддалечувал, повторно го слушнал оној птичји глас, што на почетокот го обземал.
Погледнувајќи нагоре, здогледал една голема птица во илјада бои, која co своите крилја го покривала целиот овој рај. Наоколу се наоѓале престоли и птички, кои што личеле едни на други. Тие пееле неискажлива мелодија, па оној, што се нашол таму, морал да се развесели.
Веднаш штом го видел сето тоа, тој брат дошол на себе и се нашол таму, каде што бил пред да го види сето она што го видел.
Слушајќи вакви работи, ќе претрпиме секакви огорчувања и тешкотии заради толкуте добрини, кои за нас се подготвени. Тоа, што овде нам ни изгледа прекрасно, во споредба co тоа што е таму, претставува само темнина и пеколно мачење за душата.
Пренесено од книгата “Старец Јосиф Исихаст”