Кога го поставуваме прашањето што означува човек да стане храм на Светиот Дух, св. Василиј Велики боговдахновено учи дека таков е човекот кој не се тревожи од искушенијата и секојдневните грижи, туку го следи Бога и општи со Него.

Тоа поконкретно означува дека духовен е оној човек кој во себе го има Светиот Дух и е утврден од постојаното спомнување за Бога .

Согласно св. Григориј Палама, како што човекот надарен со разум, се нарекува разумен, така и човекот обогатен со Светиот Дух, се нарекува духовен.

Духовниот човек, според св. Григориј Палама е “нов човек“, обновен од благодатта на Пресветиот Дух.

Истиот став го споделуваат и други св. Отци. Св. Сименон Нов Богослов за тоа кажува дека човекот кој е благоразумен, воздржан, смирен и кој се моли и предстои пред Бога “оди во Духот“,тој е духовен човек.

Согласно св. Симеон Нов Богослов, кога кај некој човек умната и интелектуална страна од душата не се облечени во образот на Христа, човекот е плотски, зашто не поседува чуство за духовната слава.

Тој плотски човек е како слепец што не може да ја види сончевата светлина. Така, со тоа плотскиот човек истовремено е и слеп и безживотен. Напротив, духовниот човек кој учествува во енергиите на Светиот Дух, е жив во Бога.

На прво место, тоа е Христоцентричноста – Христос кој стана единствениот лек за луѓето, поради ипостасното соединување на Божествената и човечка природа во Неговото Лице.

На второ место, таа е Троичноцентрична, така што Христос секогаш е соединет со Отецот и Светиот Дух. Сите

Тајни се извршуваат во името на Троичниот Бог….

Извадок

ИЗВОРHor Roman Slatkopevec
Претходна статијаВелиш дека постиш? Убеди ме во тоа со делата! (Петровденски пост)
Следна статијаШто е постот по својата суштина?