Слава и сега:
ЧЕТВРТА песна
Господи, чув за славата Твоја и се восхитувам на делото Твое. Повтори го во нашето време! Разгласи го во нашите дни! Во гневот Свој сети се на милост.
Бог дојде од Теман и Светецот од гората Фаран. (Диапсалма)
Величието Негово ги покри небесата, и славата Негова ја исполни земјата.
Болскотот My e како сончева светлина, а од рацете Негови зрачи, и тука е скривалиштето на Неговата сила.
Пред лицето Негово врви чума, a no стапките Негови – грозница!
Тој стана и земјата се затресе; погледа – и во трепет ги доведе народите; одамнешни планини се распаднаа, првобитните ридови се урнаа; но патиштата Негови се вечни.
Натажени ги видов шаторите етиопски; се стресоа сениците на земјата мидјанска.
Зар против реките, Господи, пламнал гневот Твој? Зар против реките е Твоето негодување, или, пак, против морето е јароста Твоја – па си седнал на коњите Свои, на победничките бојни коли?
Ти го извади лакот Свој и co отровни стрели го затегна. (Диапсалма)
Co реки ја сечеш земјата.
Кога Те видоа, планините затреперија, водите навалија; бездната го пушти гласот свој и сонцето ги крена рацете свои.
Месечината застана на своето место пред болскотот на вперените стрели Твои, пред светкањето на сјајните копја Твои.
Bo гнев одиш no земјата и во јарост ги газиш народите.
Ти излегуваш за спасение на народот Твој, за спасение на помазаникот Свој. Ти ја поразуваш главата на нечестивиот дом, оголувајќи го од темелите до врвот. (Диапсалма).
Co копјата нивни Ти го прободе водачот нивни, кога како виор се спуштија да ме разбијат, радосни, зашто мислеа дека скришум ќе го проголтаат сиромавиот.
Газиш по морето co коњите Свои, преку длабините на големите води.
Јас чув и внатрешноста моја затрепери, при гласот Твој затреперија и усните мои, болка почувствував во коските мои, и местото под мене трепери; ќе се успокојам кога ќе дојде несреќниот ден врз народот што не’ угнетува.
Макар и да не процути смоквата, а и да нема плод по лозите, макар маслината и да откаже, и нивата да не даде плод, макар и овците да не останат во трлото, па и рогат добиток во оборите да нема, јас и тогаш ќе се радувам во Господ и ќе се веселам во Бога на моето спасение.
Господ Бог е мојата сила: Тој ќе ги направи нозете мои како на елен и ќе ме поведе по височините мои. Ha хороводителот: co жичени инструменти.
Пренесено од „Псалтир“