ОД НЕХРИСТ КОН – ХРИСТОС
„ Како христијаните можат да го отфлат стариот човек?
Обновувајќи се со ‘духот на својот ум’ (Еф.4,23).
Тоа значи, да се смени духот на умот, расположението на умот, навиките на умот;
да се смени начинот на умување, начинот на мислење.
Со збор: тоа значи да се преобрази и преобрати тој главен незнабожец во нас;
од небог да се обрати кон Бог, од нехрист – кон Христос.
А тоа се постигнува најпрвин со подвигот на верата, а потоа со неа, и со останатите евангелски подвизи на љубовта, молитвата, постот, смиреноумие, богоумие, здравоумие, кротост, воздржание…
Секој од тие подвизи го обновува умот со своите преобразувачки сили.
И умот постепено се исцелува од своите болни мисли, болни сваќања, постепено оздравува, додека со силата Христова, сосема не се исцели, оздрави …“
– Отец Јустин Поповиќ
(преземено Моника Николова)