МЕСТОТО КАДЕ ШТО ЖИВЕЕ ЉУБОВТА (духовна ризница)
Бог одговори:
„ Кога ја создавав жената мораше да биде посебна.
Ѝ дадов раменици доволно јаки да ја носат тежината на овој свет, а пак доволно нежни да можат да пружаат утеха.
Ѝ дадов внатрешна сила да го поднесе породот и одбивањето кое толку пати ѝ стигнува од нејзините деца.
Ѝ дадов цврстина која ѝ овозможува да оди понатаму кога сите други ќе се откажат и да се грижи за своето семејство во време на болест и неволја без приговор.
Ѝ дадов чувствителност да ги сака своите деца без оглед на сè, дури и ако нејзиното дете мошне ја повредило.
Ѝ дадов сила да го носи мажот низ неговите грешки и ја направил од нејзиното ребро за да го штити неговото срце.
Ѝ дадов мудрост да знае дека добар маж никогаш не би ја повредил својата жена, но повремено ја тестира нејзината сила и одлучност постојано да биде покрај него.
И конечно, ѝ дадов солза да ја исплаче. Тоа е само нејзино за ползување секогаш кога ќе ѝ затреба.
Гледаш, сине мој, убавината на жената не е во облеката што ја носи, во нејзината фигура или во начинот на којшто се чешла.
Убавината на жената мора да се гледа во нејзините очи, зашто тоа е влезот во нејзиното срце – местото каде што живее љубовта.
Превод: Мина Даниловска