Неискажлива е Твојата сила, зашто Ти си Живот и со Твојата сила и со Твојата голема милост им даруваш живот на сите.

Кон Тебе со вера пристапиле многу болни и немоќни и Ти на сите им го врати здравјето и го обнови нивниот живот, за да ја прославуваат Твојата сила и Твојата бескрајна добрина.

Господи, во Твое име и денес има безброј оздравувања, зашто Ти испраќаш сила одозгора, го враќаш телесното здравје и ги креваш болните од постелата Твојата милост изобилно се излева врз сите, што веруваат и се надеваат на Твојата божествена сила.

Ете и јас пристапувам кон Тебе и Ти се молам Милостив Лекару, слушни го гласот на моето натажено срце и , да ја издржи болеста, дарувај му здравје и ослободи го од тешкото страдање.

Смилувај се на нас што страдаме и нашата мака претвори ја, во радост.

Верувам Господи во Твојата сила и потполно се надевам на Твоето човекољубие.

Засили ја мојата вера, смилувај се на мене и дај му здравје на моето болно дете.

Тебе Ти го предавам Преблаги Исусе, Ти помогни му, та секогаш да и` служи на Твојата Света волја и да го прославува Твоето Пресвето и спасоносно име, заедно со сите нас што ти се поклонуваме Тебе, на беспочетниот Твој Отец и на Пресветиот, Благ и Животворен Твој Дух.

Амин!

Претходна статијаБлажениот Кирил Филозоф (Православен календар за денес)
Следна статијаШто се случува со душата на покојниот после 40 ден од смртта – што семејството да прави? (Одговор од нашиот свештеник)