Канон за болниот

(глас трети)

Песна l

Ирмос: Некогаш Израил премина како по копно no морето co стап раздвоено, крстообразно подготвувајќи ги патеките; затоа да пееме, принесувајќи My пофалба на нашиот чудесен Бог, зашто се прослави!

Припев: Милостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Твои што Ти се молат!

Bo денот на тагата што нѐ снајде, кон Тебе, Христос Спасителот, прибегнувајќи, молиме за Твојата милост. Олесни ја болеста на Твојот слуга, кажи ни ги зборовите што си му ги изговорил на стотникот:

„Оди, еве здрав е твојот слуга”.

Припев: Милостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Твои што Ти се молат!

Молитви и молби co воздишки Тебе Ти принесуваме, Сине Божји, помилуј нѐ. Подигни го оној што на одарот на болесга лежи, како некогаш раслабениот, co зборовите Свои:

„Земи го одарот свој, ти се отпуштаат гревовите твои”.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Поклонувајќи се на Твојата икона, Христе, co вера ја бакнуваме и за болниот здравје молиме, како крвоточивата жена, која допирајќи се до крајот на Твојата риза, доби исцеление од раните.

И сега. и секогаш, и во вечни векови. Амин.

Пречиста Дево Богородице, на сите сигурна Помошничке, немој да нѐ презреш нас, кои кон Тебе припаѓаме, но no добротата Своја моли Го Синот Свој и Бог да му подари здравје на болниот и тој co нас да Те прославува.

Претходна статијаБолеста е горчливо, но здраво лекарство!
Следна статијаЃАВОЛОТ HE МУ СЕ ПРИБЛИЖУВА НА ЧИСТОТО БОЖЈО СОЗДАНИЕ!