ОД ПИСМЕНИТЕ ПОУКИ НA ПРЕПОДОБЕН СЕРАФИМ САРОВСКИ

Кога сме болни, чувствуваме дека животот човечки е како цветче кое речиси мигум овенува како што мигум и расцутува, и – како облак што се растура и не остава трага; дека дните наши исчезнуваат како сенка; дека нашето тело венее како трева полска, дека животот и на најсилниот човек е само здив, и дека co секој здив тој се скратува, и дека биењето во неговите дамари, слично на ударите на клатното, го приближува него кон последниот час, кој скоро секогаш бие токму во онаа минута кога човек си мисли оти до тој час има уште многу.

Болеста е горчливо, но здраво лекарство!

Како што солта го спречува скапувањето на рибите или на месото, така и секоја болест го чува духот наш од гнилост и пропадливост гревовна и не им дава на страстите – душевните црви, да се котат во нас.

Можеш да го поднесуваш или да не го поднесуваш страдањето, но нема да го избегнеш, затоа внимавај да не го одвратиш од себеси она што Промислата Божја ни го определила.

А од нетрпението не следува ништо друго освен опасност и несреќа. Co трпение се олеснува секакво страдање.

Погледни ги оние што се долго време болни. или кои се долго време во затвор; тие на таа несреќа навикнале, така што не ја ни чувствуваат. Зашто од маката се раѓа трпението (види Рим. 5, 3).

Напротив, co нетрпение болеста се засилува…

Свети Тихон Задонски

Стравот за телото кај луѓето може да биде толку силен што поради него тие често остануваат неспособни да направат што и да е достојно за слава и почест. Но кога стравот за телото ќе го проникне стравот за душата, тогаш стравот телесен снеможува пред стравот душевен како восок пред силата на запалениот оган.

И кога си болен, кажи:

„Блажен сум што се удостоив да бидам искушан од Бог во тоа за што наследуваме живот”. Бидејќи болестите ги праќа Бог заради здравјето на душата.

Преподобен Исак Сирин

Те молам, синко мој, трпи и благодари за пречките што ти се случуваат во болеста, како што е кажано:

Примај co радост сè што и да ти се случи (Сир. 2, 3), за намерата на Промислата за тебе да се оствари, сине мој, онака како што My е Нему благоугодно.

Значи, биди храбар, утврдувај се во Господ и цврсто потпирај се на Неговата грижа за тебе.

Бог co тебе!

Преподобен авва Доротеј

Болеста некогаш се испраќа заради очистување на согрешенијата, а некогаш за да го смири вознесувањето.

Преподобен Јован Лествичник

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаJас сум пророк“, „јас сум апостол“, „јас сум светител“… (Старец Софрониј)
Следна статијаКанон за болниот! („Оди, еве здрав е твојот слуга”)