Кондак 1

Победоносителу и Господи на сите војски небесни, радост и веселба за сите слуги Твои, таму каде што Си тагата исчезнува, a каде што Те нема, радоста е празна!

Погледни кон мене, кој co животни промашувања полн сум и од нив во страшна несреќа загинувам и затоа Те молам, избавување испрати ми и слушни ме кога кон Тебе повикувам:

Господи мој, Господи, радост моја, дарувај ми да се радувам на Твојата милост!

Икос 1

Создателу на ангелите и Господи на силите,

Ти преку девствената утроба на Пречистата Марија, заради спасението на од Тебе отпаднатото човештво кај нас дојде и од нас грешните плукање, хулење и страшна смрт претрпе, и се’ затоа, зашто си Добар и Човекољубец.

Осознавајќи го сето тоа, кон Тебе пристапувам и co солзи Те молам:

Господи мој, Господи, милосрден мој Спасителу, помогни ми мене што загинувам!

Господи мој, Господи, Кој дојде да ги спасиш неправедните, a грешните, избави ме од искушенијата во кои сум заплеткан!

Господи мој, Господи, Кој ги прими на Себе слабостите наши и ја зема нашата немоќ, исцели ја маката на моето срце!

Господи мој, Господи, Кој преку својата жртва на крстот мир му даруваш на светот, тој мир дарувај и’ го и на мојата душа од зло потемнета и од грев вознемирена!

Господи мој, Господи, Кој co Својата искупителна за нас смрт силата на смртта си ја разрушил, разруши ги и нападите на злиот кон мене насочени!

Господи мој, Господи, радост моја, дарувај ми да се радувам на Твојата милост!

Претходна статијаКако само брзаме да го завршиме нашето површно молење, исполнето со расеаност! Зошто? (Св. И. Брјанчанинов)
Следна статијаКој ќе пострада co телото, престанува да греши!