Вистинското покајание не се содржи само во тоа некој да ги исповеда своите гревови, туку и да не се враќа на претходните зли дела, да го води животот во правец на негово постојано исправување;

не само на тоа да не се враќа на претходното, туку и со скрушеност на срцето да жали заради тоа што претходно го сторил;

не`  само да жали, туку и да ги откаже направените гревови со голем труд на покајание, кои не би биле само еднакви на направените гревови, туку и би ги надминале.

Празно е покајанието на оној кој со кратки воздржувања од храна и со еднодневен пост сака да ги покрие многубројните прејадувања и пијанства.

Пусто е покајанието на оној кој со некое кратко и лесно уимртвувње на своето тело мисли да се очисти од долготрајните и тешки смртни гревови.

Неправедно е покајанието на оној кој што со малку воздишки и удирања врз градите се надева дека ги оправда многубројните неправди, крадење,  и ограбување,  убиствата и грабежот, озлобеноста спрема братот и на тоа слични гревови.

Сомнително е простувањето на гревот на оној кој се надева дека со само малку солзи (освен со други подвизи и труд кои одговараат на вистинското покајание) ќе ја измие големата нечистотија и безаконието и дека ќе се избави од вечните маки.

Митрополит Ростовски

Преведе: М. Даниловска

Претходна статијаЧесто среброљубецот умира со смрт без покајание, неочекувано, со срамна смрт…
Следна статијаСме се покајале? Ако почнеме да правиме дела спротивни на гревот.