Чудо на иконата „Брзопослушничка“
Иконата „Брзопослушничка“ за нас е како блага Мајка. Честопати Бог ги слуша нашите молби, но не веднаш ни се смилостивува, исполнувајќи ги нашите желби.
Во таквите тешки моменти одговор добиваме од Неговата Мајка, Која вели:
„Сѐ што ќе ви рече, направете“ (Jован 2, 5).
Ова покажува како послушниот Син ги исполнува желбите на Својата Мајка.
Неодамна имало еден таков случај во градот Солун. Една девојка паднала и се здобила со сериозни повреди на главата. Искусниот хирург, кога ги видел повредите на мозокот, се откажал од оперативен зафат…
„Девојката нема да преживее до утре“ – му рекол хирургот на таткото.
Побожниот татко, чија ќерка му била единствена надеж, веднаш се упатил кон Дохијарската обител на Света Гора.
„Дојде кај нас облеан во солзи и застана пред чудотворната икона ’Брзопослушничка‘.
Сите присутни браќа сочувствуваасо неговата болка и сите во храмот се молевме за тешко повредената девојка“ – вели отец Сергеј.
Утредента, кога хирургот ја посетил повредената девојка, бил убеден декa сѐ е завршено. Но, наместо тоа, на болничкиот кревет седелa тешко повредената девојка, која благо се насмевнала.
„Многу чуда секојдневно се случуват пред иконата ’Брзопослушничка‘.
Имаше време кога ги запишувавме сите исцеленија, но тоа е невозможно понатаму да се прави“ – вели отец Сергеј.
Всушност, Света Гора е удел на Мајката Божја.
јеросхимонах Сергеј Веснин, „Писма на Светогорците“