НАДВОРЕШНИОТ ИЗГЛЕД И МОРАЛНАТА ВИСИНА HA ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Црковно-историскиот писател Никифор Калист го зачува преданието за надворешниот изглед на Богородица.

Тој вели:

Богомајката беше co среден раст или како што некои кажуваат, малку повисока од среден раст, косата и’ е златовидна, очите живи co боја на маслинка, веѓите и се долги и умерено црни, носот подолг, усните како ружа, полни co слатки зборови, образите не и’ се сосема округли, но не се ниту долги, туку се долгнавести, рацете и прстите и’ се долги.

Пресвета Дева не зачудува толку co својата телесна убавина, Koja e чиста и прекрасна, туку особено зачудува co доблестите на својата душа, вели свети Григорие Неокесариски.

Зарем би можело да биде поинаку, кога во нејзиното лице е прибрана благајната на благодатта, па таа е света и по тело и пo душа?

Нејзината облека беше многу скромна, далеку од китење и раскош, нејзиниот од, умерен и постојан, погледот строг co милина, Таа е кротка и покорна на своите родители, говорот и’ е многу тивок зашто излегува од добро срце.

Таа својот ум секогаш го управуваше кон Бога, па и co неа управуваше Бог, сите свои желби ги упатуваше кон она што е достојно да се посакува и да се љуби, а го мразеше гревот и она што е причина за грев.

Сите нејзини мисли беа такви што се корисни за душата, кои се слободни од секакво застранување, очите секогаш и’ ce упатени кон Господа и ја гледаат вечната и недогледна светлина, ушите и тежнееја да го слушаат Словото и науката Божја и слатко и’ е да прима поука од Светиот Дух.

Нејзината уста секогаш го фалеше Господа, јазикот излеваше божествена милина, срцето и’ е чисто, неизвалкано co ништо и Го љубеше само Бог. Целата таа беше палата на Духот, град на живиот Бог, целата е добра, целата е пред очите божји, зашто издигната над херувимите и серафимите, таа е најблиску до Бог, таа е co Бог.

Таа беше Дева не само по тело, туку и по душа, Таа е co скромно срце, внимателна во зборовите, паметна, не зборуваше многу, а сакаше да чита…

Таа е трудољубива, целомудрена во зборовите, сметајќи дека, не човек, туку Бог ќе и’ суди за се’ што мисли.

Нејзино правило беше никого да не навредува, на сите да им посакува добро, постарите да ги почитува, да не им завидува на другарките и на рамните на себе, да избегнува фалење, секогаш да е при себе и да сака добродетелствата.

Зарем Таа некогаш да се намршти или co некој израз да ги навреди родителите?

Зарем таа некогаш да се кара co роднините, да им се потсмева на слабите и да бега од сиромасите?

Во нејзините очи ништо не беше сурово, во нејзините зборови немаше ништо невнимателно и во нејзините постапки никогаш немаше нешто непријатно. Своето тело го држеше многу скромно, одеше сериозно, зборуваше co умерен глас, па така, нејзиниот надворешен изглед беше олицетворение на чистота.

Никифор Калист, Пресвета Дева во морален поглед вака ja претставува:

Таа кога зборуваше co друг, се држеше многу пристојно, не се смееше, не се возбудуваше, а и никогаш не се лутеше.

Таа, потполно, без никави вештини не мислеше за себе и не се оддаваше на китење и негување, се одликуваше co целосна скромност.

Што се однесува до фустаните што ги носеше, Таа и овде, без одбирање се задоволуваше co онаа природна бoja на материјата од која се фустаните, што еве и досега сведочи свештеното покривало на нејзината глава.

Накусо, во сите нејзини постапки се гледаше особена благодат.

“Ние сите овде знаеме, вели свети Игнатие Богоносец, дека Пресветата Дева Богомајка е полна co благодат и co секакви доблести.

Раскажуваат дека таа за време на гонењата и на бедите секогаш била весела, во потребите и во сиромаштвото не се огорчувала, на оние што ја навредувале не им се лутела, туку им правела добро, во среќата била кротка, кон сиромашните многу милостива и им помагала co ce’ што можела, во побожноста била учителка и за секое добро дело наставничка.

Таа многу ги сакала скромните, зашто и самата била премногу скромна. Многу ја фалат сите што ја виделе. Ни раскажуваа луѓе, кои ja заслужуваат секоја доверба, дека заради својата светост, во Пресвета Дева видливо е соединета ангелската co човечката природа”.

Свети Дионисиј Ареопагит, кој откако три години беше во христијанство, беше удостоен во Ерусалим да ја види лично пресвета дева Марија, вака ја опишува:

“Кога ме воведоа и јас застанав пред лицето на богосличната и најсветла Дева, мене и однадвор и одвнатре ме осветли голема и безмерна божествена светлина и околу мене се разли толку убав мирис, што ниту моето слабо тело, ниту духот не беше во состојба да издржи толку големи знаци и претходници или зачетници на вечното блаженство и слава.

Изнемошти моето срце, изнемошти мојот дух од нејзината слава и од божествената благодат. Човечкиот ум не може да си претстави никакви слави, ниту чест (па и во состојба на прославените праведници од Бога), која среќа би била поголема од ова блаженство што го вкусив тогаш јас, недостоен, но усреќен по милосрдието и блажен сум повеќе од секој поим и од секоја претстава”.

Доблестите на Пресвета Богородица и благодатта на Светиот Дух, Кој ја подготви за големото дело да биде мајка Божја, ja ставија повисоко од сите праведници и светци, па и повисоко од небесните ангелски сили.

Нејзиното постојано усовршување во побожните работи и тежнеењето кон молење на Бог, секогашната девствена чистота и целомудреност, верата во Божјите ветувања, секогашната внимателност на патиштата на Божјото провидение, преданоста на волјата Божја, трпеливото издржување на тешките денови и околности во животот, непоколебливата енергија и цврстина во најголемите искушенија и жал, мајчината грижливост, срдечната топлина конроднините, а најбитно – безусловно секогаш и во се’ смирение – тоа се моралните висини, моралните совршенства што се објавуваа во неа од детството до успението.

Еден е болскотот на сонцето; друг е болскотот на месечината, инаков е, пак, на ѕвездите; па ѕвезда од ѕвезда по болскотот се разликува, вели свети апостол Павле (1. Кор. 15, 41).

Ho, Пресветата Богомајка ја доби и славата на сонцето, избрана како сонце, и славата на месечината – добра како месечината и славата на ѕвездите – продорна како ѕвездата Деница: Која е таа, што болска како зора, убава како месечина, светла како сонце? (Песна 6, 10).

Таа ја има круната на чистите девојки, има венец кој е најдобар од сите венци што ги имаат светите девојки, затоа што таа co својата чистота ги надвиси и ангелите. Таа го има венецот на среќните мајки – како што е Сара, Елисавета и други, но има таков венец, кој е најубав, затоа што Оној Кој Таа Го роди е поголем од сите, така и Таа е најсреќна од сите жени.

Таа има маченички венец – кога стоеше под крстот нејзината душа ја прободуваше нож и тогаш Таа страдаше повеќе од сите маченици.

Таа има пророчки венец, затоа што го прорече она што ќе се случи, дека ќе ja слават сите народи.

Таа има евангелски венец, затоа што е книга на словото на ипостасниот Син Божји.

Таа има апостолски венец, затоа што кога апостолот се фали дека Го видел Исус Христос, тогаш се прашува: кој може подобро да Го види нашиот Господ Исус Христос, ако не Неговата Пресвета мајка?

Таа има проповеднички венец, затоа што цврсто и јавно рече:

Душата моја Го велича Господа… направи ми големина силен… Таа го има венецот на скромните, затоа што јавно за себе рече:

Погледна на скромноста на својата слугинка.

Таа го има венецот на преподобните – нејзиното успение е почесно од смртта на сите преподобни.

Таа го има венецот на испосниците, затоа што го покори телото на духот свој.

Таа го има венецот на милостивите, затоа што и светата Црква ја моли како извор на милост, воскликнувајќи: отвори ни ja вратата на милосрдието.

Таа го има венецот на бесребрениците, затоа што роди гаталец-лекар, Кој дава моќ на секој лек и Кој рече:

без пари примивте, без пари давајте, па и Таа самата, без пари, без плата jа дава благодатта на сите што и’ се молат.

Таа има венец што е поубав и поголем од сите венци што ги имаат светителите.

Зашто сите светци стојат co страв пред Божјиот престол, а Таа овде е co мајчинска слобода – и веруваме дека многу важи, многу може да стори молитвата на мајката за омилостување на нашиот Господ Бог и Владика!

Пренесено од книгата “Животопис на Пресвета Богородица”

Подготви: Мина Даниловска

Претходна статијаСРЕТЕНИЕТО ГОСПОДОВО ВО ХРАМОТ…
Следна статијаСретение и соединување со Бог – преку Светата Причест