Свети Јован Златоуст ги советува сите оние што се достапни на совет:

„Kora ќе се наситиш – сети се на гладниот.
Kora ќе ја згасне жедта – сети се на жедниот.
Kora ќе се згрееш – сети се на тој што се смрзнува.
Ако живееш во дом што e голем и богато украсен – доведи во него и бездомник.

Ако се веселиш – развесели го тажниот и жалосниот.

Kora ќе ти оддадат чест како на богат човек – посети ги сиромасите.

Kora ќе излезеш радосен од твојот кнез – направи ги радосни и сите твои слуги.

Ако бидеш милостив и сожалителен спрема нив, ќе добиеш милост кога душата ке го напушта твоето тело”.

Се раскажува за двајца големи испосници во египетската пустиња кои го молеа Бога да им открие дали постои некој на светот што подобро му служи од нив двајцата.

И навистина, тоа им се исполни, им беше заповедано да одат на едно место кај еден непознат човек и дека ќе дознаат тоа што го бараат.

Тие дојдоа, како што им беше кажано, најдоа еден прост човек, по име Евхарист, кој се занимавал само co сточарство.

Бидејќи испосниците на овој човек не видоа ништо необично, тие го запрашаа на кој начин се грижи да ja исполни Божјата волја?

По подолго воздржување Евхарист им кажа дека сѐ што ќе добие од својот добиток го разделува на три дела: еден дава на бедните и сиромасите;
вториот дел го употребува за гостопримство на странци;
a третиот дел го задржува за себе и за својата мудра сопруга.

Откако го слушнаа ова, испосниците се вратија, пофалувајќи jа добродетелта на сточарот.

– Погледнете, милосрдието e дури поголемо и побогоугодно од најстрогиот пост.
Омилии

Претходна статијаЗА ЛОШИТЕ ЛОЗАРИ НИЗ СИТЕ ВРЕМИЊА (д. Наум)
Следна статија28. Недела… Дедо Наум – „Господи, просветли ја мојата темнина!“