“Постојано се занимаваме со некои чуда,

со некои икони што плачат,

со некои поклонички патувања и свети мошти,

со некои имиња, но со иста таква страст, истовремено, и со озборување и судење на други луѓе и состојби,

со политиканство, со популизам, со задоволување на страстите; се занимаваме со сѐ и сешто освен со себе и со својата падната состојба.

Некои од тие работи се полезни, но ништо и од тоа не те прави тебе православен, ниту праведен.

Иконите плачат затоа што ти не плачеш.

Луташ ваму-таму затоа што не го знаеш патот до себе, до своето срце.

Светите мошти ти требаат затоа што не си се видел како Тело Христово;

светите места, затоа што не ја сфаќаш Литургијата.

Се држиш до формата затоа што си ја изгубил суштината.

Се занимаваш со туѓи животи затоа што немаш свој.

Политикантството и популизмот те обземаат затоа што немаш молитва.

Страстите ги задоволуваш затоа што немаш љубов Божја кон ближните. Едноставно е.“

– дедо Наум

Претходна статијаДедо Наум – ЌЕ СЕ ВОДИ ВОЈНА И ГОЛЕМА БОРБА ЗА ПРЕСТОЛОТ НА СРЦЕТО!
Следна статијаПЕТРОВДЕНСКИ ПОСТ – (како и зошто да постиме)