.

Христос Воскресна!

Возљубени мои браќа!

Пристигна Пасхата, радосниот ден на Воскресението Христово, причина на секое радување, која не посетува еднаш годишно, а оние што го поимаат таинството на Воскресението – секој ден, дури и непрестајно.

Дојде и ни ги исполни срцата со секое веселие и неискажлива утеха.

Не затоа што го прекина трудот на сечесниот пост, туку пред се бидејќи ја направи нашата душа посовршена со тој труд и ги повика сите верни кон почивка и благодарење…

Христос нашиот Бог откако беше распнат на крстот и на него го прикова гревот на целиот свет, умре, слезе во длабочините на адот;

потоа, издигајќи се од адот, повторно влезе во Своето пренепорочно тело и миговно воскресна од мртвите.

На истиот тој начин и сега кога ние, оставајќи го овој свет и неговите суети при исповедањето на страдањата Господови, влегуваме во гробот на покајанието и смирението, Самиот Тој слегува од небесата, влегува во нашето тело како во гроб, се соединува со нашите души и ги воскреснува нив-душите, мртви по суштина заради гревовите.

И, воскреснувајќи ги, дарува благодат да се гледа славата на ова таинствено воскресение.

(свети Симеон Нов Богослов)

(Свети Симеон Нов Богослов)