Нашиот ближен да го љубиме како самите себеси, односно како што ce сакаме самите, како што за себе се грижиме, се храниме и си помагаме, исто така, ни прилега да го љубиме и нашиот ближен, да го милуваме, храниме, помагаме и да го упатуваме на патот на спасението.

Самите себеси, пак, ни прилега постојано да се осудуваме и да се укоруваме за нашите гревови, сметајќи се самите најгрешни од сите луѓе.

Ако така правиме, ако така Го љубиме Бога и ближниот, a самите себе се судиме co смирението, вистински ќе се спасиме и ќе бидеме примени во Царството небесно.

 

33. Колку видови на љубов постојат, според светите отци?

Свети Никодим Агиорит и другите отци љубовта jа поделуваат на пет видови:

• Духовна љубов, односно љубовта кон Бога и кон ближните, која е највозвишена и единствена душеспасоносна (Матеј 22, 23-40);

• Природна љубов, односно љубовта помеѓу младите, љубовта на сопружниците, на родителите кон децата и децата кон родителите, која ниту е за спасение ниту е за осуда, бидејќи е од природата;

• Љубов од гордост и од празна слава, кога некој ги љуби оние кои го фалат и говорат добро за него;

• Љубов од интерес, кога некој го љуби ближниот, та макар и поради пари, поради дарови, поради почитување или поради некоја друга човечка причина;

• Телесна љубов, односно од страст, кога некој ги љуби луѓето или жените поради уживање и телесни гревови или поради пијанство кое води во разврат.

Првата љубов е спасоносна.

Втората е природна, што значи ниту добра ниту зла.

Α последните три вида љубов донесуваат вечна осуда, ако христијанинот не ги напушти.

Пренесено од книгата “Голем е Бог” од Старец Клеопа

Претходна статијаКОЛКУ Е НЕКОЈ ПОСВЕТ ТОЛКУ Е ПОСМИРЕН (свети авва Доротеј)
Следна статијаПАТОТ ДО БОГА, КОЈ Е?