…
….Доаѓа некој друг на исповед.
Еден стар човек од 87 години. Одвај го подигнав под епитрахилот. Симеон беше неговото име.
“Оче, подај ми ја раката, да се поткренам”. He можеше да се поткрене од колената.
-Старче, му велам, немој да клечиш. Седни на столчево!
Бидејќи старец можеш да го исповедаш дури седи на стол, на кревет, онака како што може, само да каже сѐ. И ќе му го ставите епитрахилот и ќе направите разрешување во онаа положба во која се наоѓа.
-Старче Симеон, му велам, ти co твојава изнемоштеност можеш ли да го држиш постот?
Тоа беше за Великиот пост минатата година.
-Оче, од кога мајка ми ме родила не сум ги нарушил постите.
Дали ја слушнавте побожноста на селанецов?
Сиромашок христијанин, имa 87 години и е болен, а ги држи светите пости!
-Еве, овде пишува и лекарот да јадеш сирење и млеко, му велам.
-Па Зар не јадев доста? Јас да го замрсам Великиот Пост? Па сигурно не сум паганин!
-Ќе можеш ли да постиш до Велигден?
-Да, оче, сакам да ги примам Светите Тајни!
-Ти дозволувам да се причестиш, а потоа да земаш по малку млеко до Цветници.
-Оче, знам дека умирам, ама постот не го нарушувам!…
Ете, многу ми користеше неговата искрена вера!
-Дали имаш синови? – го запрашав.
-Ги имав деветмина! Седуммина се уште живи.
-И сега co кого живееш?
-Co најмладиот. Останатите се при своите куќи, домаќини, верници. И тие ги држат постите. Сите ме слушаат.
Гледате ли што значи добриот татко за семејството?
Така се одржуваше нашата прадедовска вера, од татко на син.
Таткото и мајката биле господари над децата.
И децата, онака како што пимиле од својата мајка и баба, тоа го држат до смртта.
Така се држеше верата. Но сега многу работи се расипаа! Нашиот народ беше достоен!
Co силна вера во Бога, во Богомајката, во постот, во молитвата. И co тоа ние ги поразувавме сите непријатели, надворешни и внатрешни. Бидејќи Бог не го остава оној кој е co чиста вера.
Апостолскиот 69-ти канон јасно ни кажува:
“Епископ, свештеник, ѓакон, ипоѓакон, чтец, певец и мирјанин, ако не го постат Светиот и Велик пост, и петокот и средата преку годината, оние што се клирици да бидат расчинети, – и епископ, и свештеник, сите ги расчинуваат Светите канони – а мирјанинот да се отстрани.
Отстранувањето значи отстранување од причеста. Ho канонот ни кажува уште нешто: “Освен во случај на болест”.
Гледате ли дека Црквата не е телоубиец?
Таа ги убива страстите! Па зошто постиме, се воздржуваме и бдееме?
За да го ослабиме телото, и да не доаѓа да лудуваме. Но ако телото е раслабено од некаква болест, тогаш свештеникот не му наложува епитимија и строг пост, туку според мерката на неговата сила.
Ha тешко болниот и на стар човек свештеникот треба да му дозволи да јаде што може за време на постот (бидејќи Христовата Црква не е телоубиец, туку убиец на страстите), односно да се држи до средниот пат.
Ако, пак, ги напаѓаат страстите, тогаш додади му на постот и метании.
Телото е нашиот животен другар. Затоа треба да го чуваме, колку што можеме, co здравје и умереност.
Бидејќи Великиот Василиј вели:
“Душата е коњаникот, а телото е коњот”.
Коњаникот, кој е умен човек. го тимари коњот, го негува, но тој има и камшик, има и дизгини во устата на коњот, кога оди co него. И тоа убаво прилега и на коњаникот и на коњот, кога двајцата се убави.
Но ако коњаникот го остави коњот да оди каде што сака, и постојано му дава овес и зоб, a камшик и дизгини нема, тој го води во бездна и го убива.
Рационалната сила на душата треба да го скротува телоτο, за да раководи co телото преку постот, молитвата и метаниите.
Но нема Господ да чува, телото да ја предводи душата, бидејќи ако тогаш несловесниот дел, животинскиот дел на човекот се крене да ја раководи душата, тогаш ја води во пеколот.
Слушнете што вели свети Василиј за постот:
“Мерката, пак, за воздржувањето ја земаме според мерката на силата на телото кај секого”.
Еве што вели свети Марко Подвижник:
“Колку што бакарот се разликува од железото, и железото од гранките, толкава разлика имаме помеѓу градбата на едно тело и друго тело”.
Некој може да пости една седмица, а друг, пак, тешко пости и еден ден. Значи, не ти е дозволено да поставиш иста мерка за воздржување за сите, бидејќи немаат сите иста градба.
Слушнете што вели и свети Максим Исповедник:
“На своето тело, според силата дај му и храна и одмор и пијалак, и сета своја грижа постави ja поради умот, твојот ум да биде co Бога, постојано во молитви, во богомислија, во духовни созерцувања; а своето тело одржувај го здраво и лесно”.
Ниту да го оптоваруваш, да му ставаш многу храна, да го гоиш како животно, да не можеш повеќе од него да се движиш; но да не го ослабуваш преку мерка. Средниот пат во сѐ е добар.
Ете, така деца. Освен тоа, пак, што се случува?
Свети Исак Сирин вели вака:
“Ако го оптовариш немоќното тело преку сила co пост, метании и бденија, мрак врз мрак внесуваш во својата душа и збрка врз збрка си додаваш на себе”.
Бидејќи ако човекот гледа дека премногу го измачуваш co постот и останатото, тој се збунува, бидејќи не може, несреќникот.
Значи, мерката на воздржувањето и постот да ja поставиш адекватно на природната состојба на човекот и според неговата сила. Средннот пат, деца, е царскиот пат, и во сѐ е
добар.
Hero ro избирале светите отци, по него оделе Христос и сите светители, по него да одиме и ние.
Бидејќи ова е кажано за постот, еве што велам за милостината:
како свештеник да не го оптоваруваш човекот да прави милостина на сила.
“Бидејќи доброволниот дарител Бог го љуби”.
Ако верниците гледаат дека свештеникот е првиот што дава милостиња, тоа ќе го прават и тие.
Исто така, милостината ќе ја правиш показателно, поради другите, да не се плашиш, бидејќи Бог ќе ти прости, зашто сакаш да им дадеш добар пример на другите.
“Подобро е – како што вели свети Јован Лествичник – показателно да направиш некое добро дело, отколку воопшто да не го направиш”.
Зашто потоа доаѓа и смирението во срцето!
Како свештеник, на народот треба да му дадеш пример и co збор, и co однесување, и co пост, и co милостина, и co небогатење.
Co сѐ, co сето тоа. Да бидеш – како што вели свети Таласиј Либиски:
и, пак, како што вели Дијадох Фотички:
“Да укоруваш и прекоруваш, човеку, co силата на дејството, не co многу говорење, туку co животот. “Ти молчи, но да говорат делата твои”.
Или, пак, како што вели Дијадох Фотички:
“Да укоруваш и прекоруваш, човеку, co силата на дејството, не co многу говорење, туку co живеењето”,
,
Бидејќи свети Јован Златоуст вели:
“Зборот, и да се извикува, сепак пречи, а животот, и да молчи, е на корист на сите”.
А свети Исидор Пелусиот вели:
“Кога човекот, кој зборува за вистината и за добрите дела, и самиот нив ги прави според својата сила од она што го зборува, тогаш таквиот човек станува икона на христијанската филозофија”.
Бидејќи тој зборува и co живеењето, и co зборот.
Ако, пак, човекот само зборува, а воопшто не прави, станува лицемер. Дури и ако неговите зборови им користат на други, треба според нив и тој тоа да го практикува!
Што им вели Спасителот на закониците:
“Тешко и на вас закониците, што ги натоварувате луѓето co тешки бремиња за носење, а вие сами ни co еден прст не се допирате до тие бремиња (Лука 11, 46)!
Знаете ли што значи кажаното ни co еден прст?
Односно должен си, ако не го правиш токму сето она што го учиш, макар и малку да го правиш и ти, да се допреш и ти co врвот на прстите.
Јас му велам на народот да пости, но постам и јас!
My велам да дава милостина, но да давам и јас!
My велам да не прибираат пари, исто така и јас да не прибирам.
My велам да не оди кон злото, да не го прави тоа и тоа, но и јас тоа да не го правам.
Нека ме видат и мене како свештеник дека во сите добри дела сум по малку учесник и дека правам добри дела, колку што можам.
Макар и co врвот на прстот да се допреме до сѐ.
Бидејќи, што вели свети Исак Сирин во Првата беседа:
“Едно нешто е добриот збор, а друго е зборот од практиката. Убавиот збор, вели, е залог на срамот, а зборот од практиката е дом на надежта”.
Како?
Има свештеници кои проповедаат така што сите ги восхитуваат учејќи ги, но таквите не чинат.
Тоа е убаво слово, но станува залог на срамот. Како?
Кога човекот ќе остане сам, нему му е срам од тоа штο го говорел, бидејќи совеста го јаде и му го срамоти знаењето:
“Што говореше, а друго правиш?”
“Што велеше, а друго правиш?”
Гледате ли дека зборовите му го срамат знаењето?
Гледате ли дека неговата проповед останува залог на срамот?
Бидејќи тој учи едно, a совеста му вели:
“Α ти, пак, зошто тоа не го правиш?”
Пренесено од книгата “Голем е Бог” од Старец Клеопа
Пренесе: М.Д.