Божјата Промисла (Божјата грижа) е безгранична и опфаќа се што можеме да замислиме.
Семоќниот Бог во еден миг продира и ги гледа сите места: висината на небото и ширината на земјата, длабочината на морето и незнајните места во подземјето.
Во сите дела на Божјото управување прекрасно свети Неговата Промисла и грижа,
која не само што се остварува на својата творба, туку ì е својствена нејзе и пребива во неа.
Ние слепите, мислиме дека многу работи се случуваат по слепа случајност, тогаш кога сè без исклучок се случува според предвечната Божја Промисла и Неговата добра волја.
Августин точно рекол:
Сè она што несфаќајќи сметаме дека се случува случајно, неразумно и без било каква Божја Промисла, всушност се случува по Божјо уредување.
Да го објасниме тоа преку следниот пример:
Сопственикот ги праќа двајцата слуги на едно исто место, ама по различни патишта, не кажувајќи му за тоа ни на едниот ни на другиот.
Нивната средба на тоа место е СЛУЧАЈНА во однос на нив самите, тие не знаеле дека ќе се сретнат, но не е случајна во однос на нивниот сопственик.
Така сиромавиот пронаоѓа закопано богатство случајно, но за Бог, кој сакал богатството да биде таму закопано, за да може сиромавиот да го пронајде и да се збогати – тоа веќе не е случајност, туку Божја, татковска Промисла, со која се збогатува сиромавиот.
Кај Бог нема случајност.
Често се залажуваме нарекувајќи го случајно она, во кое се открива највозвишената Божја Премудрост и Промисла….
Свети Јован Тобољски