• Срцето кое е заразено co злоба и е неспособно за љубов кон непријателите, заповедана во Евангелието, треба да се лекува co оние средства на кои укажал Господ:
треба да се моли за непријателите, и никако да не се осудуваат и да не се озборуваат,
туку да се зборува добро за нив, a пo можност и да им се прави добро.
Тие дела ја гаснат омразата кога ќе се запали во срцето, ja држат постојано скротена и значително ја ослабнуваат.
Но, целосно искоренување на злобата се извршува co Божествената благодат.
• Co вера светителите стекнале љубов кон непријателите;
окото на умот, просветено co вера, постојано гледа во Бог и во Неговата Промисла, припишувајќи им ја на таа Божествена Промисла, сите надворешни настани.
Душата прима искушенија како лек за своите болести и My благодари на Лекарот – Бог.
Кога искушенијата така се набљудуваат, тогаш луѓето и другите орудија на искушение, остануваат настрана, како средства.
Против нив нема ниту злоба, ниту непријателство!
Душата која Го прославува Создателот и My благодари на Небесниот Лекар, опиена co неописливи чувства, почнува да ги благословува орудијата на своето излекување.
• Немој да го замразиш ниту оној кој те клевети, ниту оној кој те краде, ниту убиецот: тие те распнуваат од десната страна на Бог, според несфатливата Божја Промисла, за ти, од срце и убедено во молитвата кон Господа да можеш да кажеш:
„Она што сум го заслужил по дела го примам, сети се на мене Господи, во Царството Твое”.
Неволјите кои се пуштаат на тебе треба да ги сфатиш како своја неискажлива среќа и доказ на Богоизбраност, па co најтопли молитви да се помолиш за своите доброчинители, за оние преку кои ја добиваш таа среќа и co чии раце си оттргнат од светот и умртвен за него, co чии раце се вознесуваш кон Бог.
Почувствувај милост кон нив, слична на милоста Koja ja чувствува Бог кон несреќниот човек кој се дави во гревови, Кој Својот Син го предаде како искупителна Жртва за созданијата, непријателски расположени кон
Создателот, знаејќи дека повеќето од тие созданија ќе ѝ се потсмеваат на оваа Жртва.
Таквата милост, која се простира до љубов кон непријателите и се излева co молитви co солзи за нив, доведува до искуствено познание на Вистината.
• Свети Макарие Велики вели:
„Благодатта дејствува така, и ги умртвува сите сили и срцето, така што душата од голема радост станува слична на незлобно дете, и човекот веќе не осудува ниту Елин, ниту Јудеец, ниту грешник, ниту мирјанин, туку во себе co чисто око гледа на сѐ и му се радува на целиот свет, co сета сила сака да ги почитува и да ги љуби и Елините и Јудејците”.
„Чистотата на срцето – рекол Исак Сирин – Го гледа Бог;
таа блеска и цвета во душата не од човечкото учење, туку затоа што не ја гледа злобата човечка”.
Човекот ниту злобата на своите ближни нема да ја гледа тогаш, кога целиот негов однос кон ближниот ќе биде проникнат co милост кон него.
Пренесено од книгата “Енциклопедија да православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов
Подготви М. Даниловска