“Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството небесно”.
Само пo себе, сиромаштвото, како состојба на роб, не е пасош за Царството Небесно;
робот може да биде лишен не само од земните блага, туку и од небесните; таквото сиромаштво може да биде попоразно од едноставното непоседување на она што ни е потребно за земен живот.
Свети Јован Златоуст вели дека не е толку сиромашен оној, кој не поседува, туку оној, кој го сака она што не го поседува.
Сиромаштвото не е вкоренето во она што ние го имаме или немаме, туку во степенот до кој ние копнееме по она што е недостижно.
Кога размислуваме за нашата човечка состојба, лесно можеме да откриеме дека сме потполно сиромашни и оскудни, бидејќи, сѐ што поседуваме никогаш не е наше, па колку и да изгледаме богати и на добра нога.
Кога ќе се обидеме нештото цврсто да го држиме, набрзо откриваме дека го снемало.
Нашето битие единствено е вкоренето во суверениот, креативен збор Божји, кој нѐ повикал од апсолугно радикалната отсутност, во Неговото присуство.
Животот и здравјето кои ги имаме, не можеме да ги задржиме, и не само здравјето, туку и многу од нашите психосоматски својства: човек co висока интелигенција, затоа што дошло до пукање на крвен сад во неговата глава, постанува сенилен, и co неговата интелигенција е крај.
Во сферата на нашите чувства, од некоја објаснива или од необјаснива причина, да речеме грип или замор, ние не можеме во
прв момент co својата волја да искажеме сочуство за некоја личност, иако тоа многу
го сакаме, или пак некогаш одиме во црква, а како да сме од камен.
Ова е основно сиромаштво, но дали тоа нѐ прави деца на Царството?
He, зашто ако во секој момент од нашиот жмвот сме во состојба на мизерија, и ако чуствуваме дека сите работи ни бегаат, ако сме само свесни за фактот дека не ги поседуваме, тоа не нѐ прави радосни деца на Царството од Божјата љубов, туку кутри жртви на ситуацијата над коja немаме моќ и која ja мразиме.
Ова нѐ враќа на зборовите “бедни по дух”; сиромаштвото кое го отвора Царството небесно лежи во сознанието, дека ако нешто што е мое, не е навистина мое, затоа што сѐ што е мое е дар на љубовта, Божјата или човечката љубов, a co тоа нештата сосема се менуваат.
Ако сфатиме дека немаме суштество во нас, а сепак постоиме, можеме да речеме дека постои постојан, непрекинлив чин на Божјата љубов.
Ако сфатиме дека сѐ што имаме, не можеме да го принудиме на никаков начин да биде наше, тогаш cѐ е Божја љубов, конкретно изразена во секој поединечен момент.
И тогаш, сиромаштвото е корен на совршената радост, зашто сѐ што имаме го потврдува Божјата љубов.
Никогаш не би требало да се обидуваме да ги присвојуваме нештата, зашто да именуваме нешто co “наше”, a не постојан дар Божји, значи помалку, а не повеќе.
Ако е тоа мое, туѓо му е на односот од взаемна љубов;
ако е тоа негово, a jac ro поседувам од ден на ден, од секунда во секунда, тоа е непрестајно обновување на чинот на Божјата љубов,
Тогаш ни доаѓа радосната мисла:
Фала My на Бога, тоа не е мое; да е мое, би значело поседување, но, тешко мене без љубов”.
Оваа помисла нѐ доведува во врска co она, кое Евангелието го нарекува Царство Божјо.
Ha Царството му припаѓаат само оние кои ги примаат сите работи од Царот во однос на взаемната љубов, оние, кои сакаат да бидат богати, зашто, да се биде богат, значи да се биде поседуван од нештата, а лишен од љубов.
Оној момент кога ќе Го откриеме Бога, во таа ситуација дека сите нешта се Божји, дека сѐ е од Бога, тогаш почнуваме да влегуваме во ова Божјо Царство, и да здобиваме слобода.
Пренесено од книгата “Жива молитва” од Митрополит Антониј Блум