Чујте уште што вели апостол Павле:

“А ние имаме ум Христов” (1. Кор. 2,16).

Блазе си му на оној од нас, кој може за себе да каже дека има ум Христов!

Блазе си му на оној кој својот смртен, лелејав, земски ум го отфрлил и го заменил co крепкиот ум Христов!

Тој целиот ќе биде исполнет co неискажлива светлина и целиот овој свет ќе го види потопен во една голема светлина, како што ја виде Мојсеј капината во пламен.

Тој лесно ќе оди низ теснината на овој живот, бидејќи патот ќе му биде осветлен co најголемиот светилник, co најздравото око, co најчистиот ум.

Бидејќи Господ вели:

“Јас сум Светлина на светот; кој врви по Мене, нема да оди во темнина” (Јован 8, 12).

Христос е нашата виделина. Христос е окото на нашиот живот.

Кој сака да го знае животот и да го види патот на вистинскиот живот, тој мора преку тоа око да гледа.

Секое друго око е помалку или повеќе дефектно, затемнето и извалкано, та како очилата или ги зголемува или ги намалува, или ги доближува или ги оддалечува предметите.

Само преку Христовото око се гледа сѐ како што е, во вистинската димензија, и на небото и на земјата, и во човекот и во предметите.

Затоа најтешко ќе одговараат пред Бога тие на кои им е дадено сѐ да гледаат преку Христовото око, па не гледаат.

 

Омилии

Претходна статијаАко свештениците Божји се нечисти, како ќе бидат верниците чисти? (Омилии)
Следна статијаШто означуваат зборовите Божји: „Не можете да им служите на Бога и на Мамона.”