ПРИЧИНИ ЗА НЕВОЛЈИТЕ И ЖАЛОСТИТЕ
„Неволја и мака за секоја човечка душа која прави зло.“
(Рим. 2, 9)
„Bo Царството Божјо треба да влеземе преку многу маки.“
(Дела. 14, 22)
После гревопадот, животот на човекот се оптоварува co труд, болести и страдања.
И поради тоа, добродетелта на трпението се јавува како совршено неопходна за христијанинот, ако под совршено трпение подразбираме доброволно и добродушно поднесување на маките и страданијата.
Постојат повеќе причини, поради кои ни се испраќаат маки и неволји.
При ова, никогаш не треба да мислиме дека испратените маки, несреќи и неволји доаѓаат од луѓето: сите крстови доаѓаат од Господ Бог, Кој е бескрајно Милостив, но и бескрајно Премудар.
Една од основните причини за испратените на нас маки е нашата огревовеност.
Bo таков случај, маките ни се испратени како средство спротивставено на оној грев кој е внесен во нашата душа и на присуството на многу страсти и гревовни навики.
По зборовите на свети Јован Кронштадски,
„сѐ додека во нас владеат страстите, сѐ дотогаш стариот човек во нас ќе биде жив и нема да умре. Тогаш нам ќе ни наидат многу маки од различни
искушенија во животот, од борбата на стариот човек co новиот”.
Страдањето може да се разгледува како духовно лекарство за штетата нанесена од гревот. Страдањето, на пример, во вид на болест, често го забавува дејството на гревот:
„Оној што телесно се мачи, ќе престане да греши” (1 Пет, 4, 1).
Страдање за гревот е глас Божји, вразумување на човекот кој греши, тоа е удар по раката која прави беззаконие.
Покрај ова, маките ја омекнуваат вината од гревот, ја урамнотежуваат, во извесна мерка, вината според законот на казнување и справедливост.
Оттука е очевидно дека страдалниците во овој свет, воопштено зборувајќи, ги очекува поблагопријатна судбина во задгробниот живот, отколку оние кои живеат лесен живот.
За ова говори и Самиот Господ во приказната за богатиот и Лазар (Лк. 16, 1.9-31).
Поради сето ова, потребно е да ги жалиме оние кои тука имаат полна животна благосостојба, доволно удобност и кои водат расеан живот, а помалку – оние, кои тука одат по потешкиот пат на лишување од задоволства и на страдања.
Може да се случи во нас да се појави сомнеж во однос на неопходноста од страдањата како искупителен фактор, ако жртвата на Христос е доволна, бидејќи ја покрива вината на целиот свет?
Вусшност, спасението се дава од Господа „на дар” (Рим. 3, 24).
Ho, тоа се дава само на оние кои тоа го бараат по своја волја, и не се спасуваат сите луѓе автоматски.
И ако човекот не оди co целото срце кон Христа за да бара помош за прошка на гревовите, туку живее co расеан живот и не обрнува внимание на Христовите заповеди, него нема да го спаси искупителната Христова жртва на Крстот:
тој самиот како да се откажува од неа, се откажува од предложеното лекарство и не добива простување на гревовите, занемарувајќи ја Тајната покајание и исповед.
За ова вака им пишува апостол Павле на Колосјаните:
„И вас, кои некогаш бевте отстранети од Бога, и Негови непријатели поради помислите кон лоши дела, сега ве примири во телото на Неговата Плот, преку Неговата смрт, за да ве претстави пред Себе свети, непорочни и без вина, само ако останете во верата
тврди и непоколебливи, и бидете неотклонливи во надежта на Евангелието” (Кол. 1, 21-22).
Како што се гледа од тука, силата на простувањето важи за нас, само под услов на наша „непоколебливост во верата и надеж за блаженство”.
А бидејќи ние сме недоволно внимателни кон своите гревови и не се користиме целосно co тајната покајание и не сме целосно насочени кон тајната покајание, затоа за нас и се потребни страданија за омекнување на последиците на нашиот грев.
Ете затоа за неопходноста на страдањето на христијанинот и маките зборувал Господ:
„Во светот ќе имате маки” (Jов. 16, 33). „Bo Царството Божјо треба да влеземе преку многу маки”, пишува апостол Павле (Дела 14, 22).
Ова тврдење го делеле и апостолите и сите Свети Отци.
„Нема мака – нема ни спасение”, – зборувал преподобен Серафим.
А преподобен Симеон Нов Богослов поучува:
„Како што облеката, измачкана co кал и целата осквернавена од било каква нечистотија, не може да се исчисти ако не ја переме во вода и не ја испираме долго, така и душевната риза, осквернета co тиња и гној од гревовните страсти, никако не може да се испере, освен co многу солзи и поднесувања на искушенија и маки”.
Според зборовите на свети Јован Златоуст, за христијанинот постојат три начини за спасение:
а) да не греши,
б) согрешувајќи (пo гревопадот), да се кае, в) оној што лошо се кае, ќе трпи маки, кои ќе му бидат испратени.
А кој може да каже дека тој човек се кае доволно срдечно?
Оттука произлегува дека патот за избавување од страдања за своите гревови – е покајанието. Силата на покајанието треба да биде сразмерна на степенот на гревот.
Покајанието, како спонтано страдање на самољубието при исповедта, помирува co Бога и го симнува неспонтаното страдање.
Ако отсуствува доволното осознавање на гревот, ќе нема сили да се активира доволно длабоко каење, тогаш треба co смиреност да се прифатат испратените страдања и да се благодари за нив како за милост, како знак за Божја грижа за нас.
Старецот Варсонуфиј Оптински зборувал:
„Непрестајните
маки, кои Бог ги испраќа на човекот, се знак за особено Божјо промислување за човекот”.
Ете затоа страдањата и несреќите, духовно просветлените луѓе ги нарекуваат „Божја посета”.
А во спокојниот живот на грешникот тие гледаат Богооставеност, поради која нему му се заканува страшна судбина во задгробниот живот.
Колку често страдалните души го молат Господа за прекратување на нивните маки.
Но, дали за тоа треба да се молиме?
Зарем не е животот во грев основа за страданието? A ако тој грев се отстрани co искрено покајание, тогаш би се отстранило и страдањето.
Кога кон Господ принеле фатен човек, тогаш Он пред сѐ му ги простил гревовите, а потоа му подарил исцеление, како последица на простувањето (Мат. 9, 2-8).
Bo друг случај, страдањата се испратени не за да се згреши, туку за да се спречи гревот или да се насочи христијанинот од рамнодушен и расеан живот кон живот сосредотечен, живот во Бога.
Во такви случаи се испраќа долготрајна болест, прогонство, затвор и др. Тоа совршено ќе го промени животот, ќе му овозможи на човекот да се замисли над себеси, а за некои – да размислуваат во осаменост за поправње на својот живот.
Сличните страдалници, кои во почетокот често тешко ја поднесувале промената на својата судбина, по некое време или на крајот на својот живот, топло му благодареле на Господ за испратената, понекогаш тешка промена на животот (види, на пример, житие на схимонахиња Нектарија).
За третата причина поради која им се праќаат на луѓето страдања вака говори преподобен Макариј Велики:
„Бог ја знае немоќта на човекот, знае дека човекот бргу се превознесува, затоа го запира и постојано го држи во постојана загриженост… Бог, знаејќи ја твојата немоќ, пo свое видување ти испраќа маки, за да станеш смирен и ревносен во барањето на Бога”.
За ова пишува и епископот Венјамин Милов:
„Маките длабоко ja смируваат човечката гордост и ги бришат самољубието и суетата. Многустрадалниот човек ќе престане да греши. Тој ја чувствува својата ништожност и неволно бара потврда за себе во силата Божја
и co молитва се отвора себеси за да прими благослов од Бога. Маката го менува човечкото расположение од гревовно, самозатворено – во свето и отворено кон Бога, и го враќа секој блуден син во Татковиот Божји дом”.
Bo четвртиот случај христијаните се испитуваат во верата и праведливоста. За ова пишува преподобен Варсонуфиј Велики: „Маж, кој не е испитан co искушенија, не е искусен”.
Адам после создавањето во прво време бил безгрешен, и бидејќи имал чисто срце, го видел Бога и зборувал co него.
„Блажени се чистите пo срце, зошто тие ќе го видат Бога” (Мат. 5, .
Ho ние знаеме, дека тој не бил цврст во добродетелта, и? Паднал во грев.
Децата исто така во прво време се co чисти срца, но потоа биваат изложени на грев. Поради тоа, само чистото срце, но без испитување на неговата цврстина, нема полна цена.
Ете поради што Бог дозволува соблазни во светот. Господ говори:
„Зашто соблазните треба да дојдат” (Мат. 18, 7).
Преподобен Антониј Велики пишува:
„Никој без искушенија не може да влезе во Царството Небесно; ако нема искушенија, никој и не би се спасил”.
За ова сведочи и схиархимандрит Софрониј:
„Патот на човекот кон Бога е исполнет co голема борба. Духот на подвижникот, кој се стреми кон вечната Божествена љубов, за да може да стане навистина разумен и способен за таа љубов, неизбежно поминува низ долг пат на испитувања”.
Како што пишува игуменот Јоан:
„Земниот живот нели е едно испитување? Тоа е цела низа на испитувања, испити на нашата љубов кон Бога и човекот, на нашата вера, нашата чистота, нашата праведност – отвореност кон волјата Божја и хармоничност co Царството Божјо.
И само оној, кој е испитан во соблазните, кој имал духовна сила да ги надмине, иако не веднаш, тој ќе може да се смета дека достигнал духовна зрелост”.
Како што пишува свети Јован Кронштадски:
„Многубројните гревовни наклоности на нашето срце Господ ги искушува на разни начини: некој што е скржав, го искушува co губење на парите или било кој дел од неговата сопственост, им дозволува на крадците да го ограбат; некој друг – co пожар, некој – co непотребни, неочекувани
трошоци за неуспешна работа, некој – co болести и плаќање на докторите; некој – co губење на ближните, некој – co бесчестие”.
Сите ги искушува на секаков начин, за да може во секој да ja открие неговата слаба точка во срцето, и да го научи како да се поправи себеси. Кај повеќето душата ја посетува оружје, да може да се откријат помислите во срцето.
Затоа, каков и да се случи губиток од твојот имот, верувај, дека тоа е волјата на Господ, и зборувај: „Господ дал, Господ зел, нека биде благословено името Господово ” (Jов, 1,21).
„Купи од мене злато, co оган прочистено, за да се збогатиш ” – говори Господ во Откровението (3, 18).
Апостол Петар пишува:
„Затоа радувајте се, макар сега да сте малку во скрб – ако е потребно, во разни искушенија, та вашата вера испитана, да излезе подрагоцена од нетрајното злато, па било тоа да е испитано и преку оган” (1 Пет. 1, 6-7).
Еден монах се истоштил во силната борба co искушенијата. Еден старец го запрашал:
„Сакаш ли јас да се помолам на Господа, за да го симне од тебе искушението?”
„He оче, – одговорил мудриот монах -помоли се само за тоа, Господ да ме зацврсти во мојата борба co искушенијата.
Ако тоа биде симнато од мене, тогаш јас нема да ја добијам духовната полза, која ја гледам во својата борба”.
Петта причина за страдање може да биде ако човекот не го исполнува Божјиот призив, отстапувајќи од тој пат или пораки, кои се предвидени за него од Бога.
Такво е страдањето на пророкот Јона во угробата на китот. Тие страдања ќе завршат тогаш, кога христијанинот ќе разбере, што бара од него Господ, и во што се состои неговото отстапување од предвидениот пат за него.
Таквите страдања често се испраќаат на Божјите избраници, кога тие стапуваат на патот, кој Бог не го предвидел за нив.
Ним им се испраќаат страдања и тогаш кога кај нив ќе сејави пристрасност кон било што и занесеност co било што земно или ќе се забележи кај нив слабеење на пламенот на ревноста, гасење на љубовта кон Бога и скршнување од почетното служење.
Сите тиа страдања завршуваат, кога христијанинот ќе ги остави страстите, ќе се врати на претходниот пат на служење на Бога или ако одново се разгори пламенот на духовната ревност.
По мислењето на старецот Амвросиј Оптински:
„Кога човекот оди по прав пат, за него ќе нема крст. Но кога ќе остапи од тој пат и ќе почне расеано да оди таму-ваму, тогаш се јавуваат разни околности кои ќе го истуркаат на правиот пат.
Тие удари и го сочинуваат човечкиот крст.
Тие секако се различни; односно, на кого какви му се потребни”.
Подготви Мина Даниловска
Пренесено од книгата
“Кој нѐ укорува, тој ни подарува
Како да се спасиме – патишта кон очистување на душата”