ЗА ШТО СЕ’ ТРЕБА ДА СЕ ПОКАЕМЕ И ИСПОВЕДАМЕ!
8. Уште нешто за љубовта која сме должни да ја негуваме меѓу себе како што ни заповедал Господ:
По што се познаваат Христијаните?
„По тоа ќе познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе” (Јн. 13, 35).
А ние, Господи, колку сме ние далеку од тоа да бидеме вистински ученици Твои!
Па ние се караме, имаме непријателства меѓу себе, негодуваме, се исполнуваме co омраза, не се поднесуваме еден co друг.
Срам ни е пред неверниците да исповедаме дека сме Христијани, доколку така постапуваме. A често меѓу луѓето кои се далеку од Црквата може да се чуе: “Луѓето кои одат во црква се најлоши”.
“Имаме ние една сосетка, таа оди секој ден во храмот, a колку е само подмолна и расипана”.
Тешко нам, доколку хулењето на Христовото име доаѓа преку нас поради омразата кон ближните!
Испитајте го своето срце, својата совест, нели вашето однесување претставувало соблазна за другите луѓе? А ако сте грешни, покајте ce!
Веројатно дека никој од нас не е прв пат на исповед, па сите сме чуле дека никакви напори и никакво покајание од нас нема да прими Господ, ако ние сме навредиле некого и ако некому не сме му ги простиле неговите грешки, сѐ додека не се покаеме и не се смириме.
Но, сето тоа ние главно го знаеме теориски, a до срцето и до длабината на свеста таквото сознание слабо ни продира.
Така, наклонети сме лицемерно да бараме прошка од било кого, дури и co голема леснотија, само не пристапуваме co молба за прошка на оние кон кои постојано грешиме.
Тогаш се буди нашата гордост, па и ако воопшто замолиме за прошка, тоа некако го процедуваме низ заби, co тешко срце, што секако, малку ѝ користи на душата.
А, освен тоа, често се раздразнуваме и ги распалуваме нашите страсти, сеќавајќи се на неправдите и навредите кои другите ни ги сториле, или сееме раздор и непријателство меѓу луѓето! Господи, прости ни нам грешните!
9. Зборовите Божји нѐ упатуваат:
“Блажен е оној кој ги љуби животните”.
Нели му се случило некому да убие животно без потреба?
Можеби го изморил од глад или го тепал?
Или го удирал co нога, фрлал камења по него?
Можеби некој уште од детството намерно мачел животни?
Сето тоа се гревови на убиство! Покајте се заради својата суровост и немилосрдие!
Господи, прости ни нам грешните.
10. Понекогаш не сме свесни дека грешиме.
Да речеме, се истоштуваме себеси co прекумерна работа, грижи, паѓаме во прекумерна тага, очајуваме и доаѓаме до помисли за самоубиство.
Сето тоа се најголеми гревови против Господа!
Животот е дар Божји, сите неповолни и тешки околности секогаш ни се случуваат по Божјо допуштение, затоа што во неволјите Господ ја испитува нашата душа и ja подготвува за вечноста, а ние co прекумерната жалост и очајание, co неверување и сомнеж во Божјата Промисла го скратуваме нашиот земен живот, го нарушуваме своето здравје и го затвораме за себе Небесното Царство.
Господи, прости ни нам грешните!
11. И повторно, доколку Господ нѐ сочувал од гревот на очајанието, можеби co своите постапки, дрдорење, co својата злоба некого доведуваме до очајание или сме, не дај Боже, виновни за нечие самоубиство?!
Ако се случило такво нешто, да се покаеме, да плачеме, затоа што сме криви за погубување на душата на нашиот ближен.
12. Ако живееме без воздржување и трезвеност, ако неразумно се прејадуваме, ако се предаваме на пијанство, ако водиме развратен живот, пушиме, земаме дрога, уживаме во некои други нечесни и нечисти задоволства кои го нарушуваат здравјето, ние сме исто така самоубијци.
Господи, прости ни нам грешните!
13. Има меѓу нас и такви Христијани, кои мислат дека е грев да се лекуваш.
Секако, може човек да се надева на Бога и може co долготрпение да ја поднесува болеста и немоќта, но тука е и опасноста да западнеме во гревот на полагање надеж во себе и во гордост:
„Нека одат лекарите да пијат лекови, нека пијат грешните и оние чија вера е слаба…
А ние не сме такви!”
Подобро е да постапиме вака:
Си се разболел – лечи се; ако ти пројде болеста од лековите и лечењето – заблагодари My на Бога, а ако болеста не ти
пројде – трпи и благодари My на Господа за искушението.
Еве како треба да постапува вистинскиот христијанин.
Господи, прости ни нам грешните!
14. Ha крај, нели ја убиваме својата душа co својата негрижа и немарност кон нејзиното вечно спасение?
О, колку го храниме и грееме своето трулежно тело! A дали така постапуваме и co нашата бесмртна душа?
Ние забораваме на својата душа, пропуштаме да ја измиеме co солзите на покајание, да ѝ дадеме небесна молитва, да ја укрепиме co Светите Тајни на Црквата, да ја украсиме co добри дела и co секоја добрина, да ги исправаме нејзините патишта и да се подготвуваме за вечноста.
До тоа ли ни е нам!
Толку сме забрзани, толку безумни, мислиме само на својот земен живот!
Живееме во лажна надеж дека спасението ќе биде природен и нормален исход на нашите животи, заборавајќи дека Царството Небесно се зема co напор и само подвижниците го задобиваат – и силните го грабаат!
Господи, отпушти ни ги нашите гревови и дарувај нѐ пред нашиот крај co покајание и свест за потребата на стапнување по патеките на правдата и вистината Твоја!
Пренесено од книгата “Господи, очисти ги моите гревови” Практичен прирачник за Светата Тајна Покајание и Исповед
Подготви МИна Даниловска