Напати сум се замислувал, размислувајќи како да си ја објаснам и како да ја пренесам таа голема тајна на постојаната молитва, главно сосредоточувајќи се на прашањето зошто е потребно молитвата да е постојаност.

Веројатно, некогаш, водејќи се од човечка логика и емотивност, сум велел, па зар на Господ треба упорно нешто да Му кажуваме

– ќе кажеме еднаш –  двапати, доволно е.

Ама ова заради својата слабост, а гледајќи и од погрешен агол на тоа -постојаност-, разбирајќи го како термин за досадување и барање, а не како -однос-, -врска-, -потреба-, -начин на живот-, -скрушеност-, -покајание-,

(а зар покајанието треба да престане или да биде моментално)…

 

Знам, некако многу наивно, лаички, пресметливо…

Сѐ додека, веќе одамна, не ги прочитав следните вдахновувачки и отрезителни зборови на свети Јован Златоуст:

 

“Колку големо добро е постојаната молитва, гледаме од онаа Хананејката во Евангелието, која не престанува да вика:

‘Помилуј ме, Господи!” (Мт. 15,22).

– Само Он (Бог) ни должи благодат кога Му бараме, само Он ни дава она што не сме Му го позајмиле.

– И доколку види дека сме упорни во молитвата со вера и воздржание, плаќа без да бара за возврат.

– Доколку, пак, види дека се молиме со мрзливост, го одлага плаќањето, на затоа што нѐ потценува или се одвраќа, но затоа што со тоа одлагање нѐ држи во Своја близина.

– Ако си услишан, заблагодари Му на Бога.

Ако не си услишан, остани со Него, за да бидеш услишан.

Ако, пак, Го имаш огорчено со своите гревови, не очајувај.

– Не престанувај, додека не добиеш.

Или подобро, ни тогаш не престанувај со молитвата.

Пред да добиеш – барај! Добиеш ли – благодари!”

Преземено – Презвитер Бобан Митевски

Претходна статијаЖЕНАТА ХАНАНЕЈКА (Се изедначи себеси со бесловесните животни) Митрополит Наум
Следна статијаПАНДЕМИЈА НА НОВОТО ВРЕМЕ – Дедо Наум