На пример, кога сакаш и co сите сили се трудиш да се ослободиш од болеста и да оздравиш, но и покрај тоа остануваш болен, кажи:
“Нека биде волјата Твоја”!
Kога нешто преземаш, a твоето преземање никако не успева, кажи:
“Нека биде волјата Твоја”!
Kога на другите им правиш добро, a на тебе ти плаќаат co лошо, кажи:
“Нека биде волјата Твоја”.
Нималку не се разбеснувај ако се случува нешто спротивно на твојата волја.
Научи се во сѐ да се покоруваш на волјата на Отецот небесен.
Ти би сакал воопшто да немаш искушенија: меѓутоа, непријателот секојдневно те мачи co нив, те разгорува и на сите начини те измачува; не разбеснувај се, туку кажи.