Господе Боже мој, на тебе се надевам спаси ме од сите што ме гонат и избави ме, да не би некогаш непријателот да посака да ми ја истргне душата, ќе трга а ќе нема кој да спасува.
Господе Боже мој ако го направев тоа, ако има неправда во рацете мој, ако зло вратив на оние кој поради правда ме напаѓаат, тогаш нека одпаднам од непријателите мои, нека ја гони непријателот душата моја и нека ја стигне и нека го згази животот мој на земјава и телото мое во прав нека го претвори.
Стани Господе во гневот свој крени се против жестината на непријателите твои.
Стани Господе Tи кој заповедаш. И многу народ ќе се собере околу Tебе и Tи издигни се над него високо.
Господ им суди на народите.
Суди ми Госпoде според правдата моја и според чистината моја.
Да престане злобата на грешните а праведникот исправи го ти Боже кој ги испитуваш срцата и утробите праведно.
Помош очекувам од Бог кој ги спасува оние кој се со чисти срца.
Бог е праведен судија и силен и долготрпелив и не се гневи секој ден.
Но ако не се покаете Он ќе го очисти своето оружје, ќе го затегне својот лак и ќе го насочи, и затега смртна стрела а стрелите свои ги вжарува.
И ете кај безбожникот се повеќе неправда, па се зачна злоба а тоа роди беззаконие, па си копа и ископа јама и падна во јамата што ја направи, и злобата негова му падна на главата Негова, а врз неа и неправдата Негова слезе.
Го прославувам Господ поради правдата Негова и му пеам на Господ Севишниот.