МЕТАНИИ – Игумен Гаврил      (Појаснување за – метаниите)

 

Бог е дух и ние треба со дух и вистина да Му се поклонуваме.

Но, тоа поклонување како израз на нашето внатрешно, духовно почитување на нас како психосоматски битија ни доликува, и е неразделно со посебната почит како со духот така и со нашите тела, преку посебни дејствија.

Меѓу другите е и метанијата или поклонот. Длабокиот – до земјата, и плиткиот – до појас.

Метанија значи покајание – преумување, промена која се случува во нашиот ум.

Кога правиме метанија тогаш ние принесуваме покајно движење пред Бога. Светите отци велат: eдна метанија – една солза.

Со челото допирме до земјата, се смируваме и се потсетуваме дека сме грешни и од земја сме и во земја ќе се вратиме.

Кога стануваме, го сведочиме Воскресeнието – нашето и Христовото.

Додека правиме метании се кажува Исусовата молитва:
Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот(та).

Кажувајќи ја молитвата, a кога сме горе, исправени го исповедаме Господ Исус Христос како Син Божји,
а кога долу допираме со челото до земјата, ја исповедаме нашата грешност.

Длабоките метании ги правиме така што најпрво со рацете се потпираме на земјата, а потоа со колената и челото допираме на земјата.

Постојат разни „правила” како треба да се прават метаниите, но сето тоа е, би кажал беззначајно, а понекогаш и неправилно.

Метаниите пред се се прават во срцето, скрушено, во покаен дух и смирено.

Длабоки метании не се прават во Сабота и Недела, деновите кога се блажи, во првата недела по Велигден и Духовден (Педесетница) и од Божиќ до Богојавление и на сите Господови и Богородични празници.

Во тие денови се прават плитки, појасни, метании.

Претходна статијаВО СВЕТОТ НЕМА НИШТО СЛУЧАЈНО – Што е тоа промисла?
Следна статијаКОГА ЌЕ БИДЕШ ВО ТАА ЗАЕДНИЦА, ЌЕ ВИДИШ… (Разговор меѓу протестант и православни…)