„…Плачот дејствува и запазува

– И не е само тоа од плачот;
тоа што човекот станува речиси неподвижен кон злото и што не се враќа лесно кон некогашните гревови, туку и тоа што тие гревови стануваат како никогаш и да не постоеле.

Зашто, бидејќи тој во почетокот плачел поради нив, Бог ги смета како да не ги направил доброволно; а она што не е направено доброволно, Бог не го смета за кривица.

Оној што плаче заради својата сиромаштија, со тоа сведочи дека таа за него не е добороволна, зашто, заедно со оние,

„кои сакаат да се обогатуваат“ или кои веќе се обогатиле, паѓа во демонска примка, и ако, откако ќе се измени не избега од овие мрежи, преку тоа самиот ќе биде виновен што ќе отиде во вечните маки (сп. 1. Тим. 6, 9 ),
така и оној што се покајал и своите денови ги минува во плач, тогаш, неговите гревови со право му се сметаат како не доброволни, и тој тогаш заедно со оние што не згрешиле како него, без соблазна за нив, ќе оди заедно со нив по патот што води во вечниот живот …“

(Св. Григориј Палама Архиепископ Солунски)

Претходна статијаНЕЗНАЕЊЕ КОЕ Е НАД ЗНАЕЊЕТО…(Св. Григориј Палама)
Следна статијаИсторијата на создавањето на канонот на Светото Писмо 2