http://www.mpc.org.mk/pouka.asp

Коментар на денешното евангелско четиво:

“Ѓаволот се обидува да Го искуша Богочовекот Исус Христос преку трите главни човечки страсти:

сластољубие, среброљубие и славољубие.

Но тоа не е возможно.

Богочовекот не е податлив за грев и во Него нема колебање помеѓу доброто и злото.

Но, Христос му допушта на ѓаволот да се обиде да Го искуша,

само заради нас и нашето спасение, за и ние, во Него, да имаме сила исто така да го победиме.

Така што, Бог ни даде сила да можеме да живееме само од благодатта Божја и од ништо друго.

Ни даде да сфатиме дека ѓаволот не владее над ништо,

нити пак има власт некому да дава што било;

таквото негово тврдење е лага и говори за друго нешто, а тоа е дека сите оние што на нечесен начин се здобиле со богатство,

му се поклониле нему,

го имале неговото содејство и, како такви, тие стануваат негови слуги.

И нѐ освести дека не треба да го бараме предвреме и на недозволен начин она што во свое време и само преку личен однос со Бог сигурно ќе го добиеме;

да не бараме човечка минлива слава, туку Божја вечна слава.

Гледаме дека Богочовекот Христос му одговара на ѓаволот слично како што просветлените и совршени подвижници најчесто ги сечат и одбиваат демонските помисли уште на прагот од својот ум, пред тие воопшто да го започнат својот пат до „изнудената“ согласност во срцето.

И денес, пред да го започне својот напад, демонот знае дека тешко ќе постигне успех кај оние што се носители на дарот на просветленоста (да не говориме за совршените);

но, неговата главна цел му е – со тие напади да ги повлече во пад и да ги соблазни и сите оние што непријателски гледаат или што, преку озборувањето, слушаат за тоа.“

 

ИЗВОРМПЦ -ОА
Претходна статијаПреподобен Теофил Струмички, моли се за нас оче свети! (23. октомври)
Следна статијаТИ НЕ САКАШ ДА ГРЕШИШ, А ГРЕШИШ ТЕШКО..( Писмата на валаамскиот старец)