Дома Uncategorized Прашање до свештеникот: Пoмен на покојник во посен ден на Великиот пост

Прашање до свештеникот: Пoмен на покојник во посен ден на Великиот пост

0
220
Имам прашање. Можете ли да ми помогнете?
Ве молам за совет.
Во текот на Велигденски пост, во ден среда, треба да извршиме четириесетдневен помен на покојник.Прашањето е дали на тој ден можеме да послужиме риба на трпеза во спомен на покојникот?
И дали може, на пример, да го извршиме поменот порано или покасно?

Ви благодарам однапред.

+++
Одговор на свештеникот –  Диме Ивановски

Риба не, ако веќе во духот на православието правиме помен, тогаш во истиот тој дух ќе бидеме и кога е постот во прашање, а тој вели риба само на Благовештение и на Цветници.
Ако навистина има реална причина да мора да се скрати 40- дневниот помен, да, може, ден или два, но пак велам, ако навистина мора, да не биде тоа поради некоја банална причина.