Најнапред благодарност на сестра Марија Рунтева – архитект  и Орце Ристовски ТРГОЦЕМЕНТ кои  во меѓувреме, безусловно се понудија за  помош, заради почит кон Свети Никола и Бога.

https://www.facebook.com/trgocement/

 

……


Драги наши браќа и сестри – православни христијани и верници и сите останати луѓе!

Во името на иницијативниот одбор, а со благослов на Митрополит Повардарски Агатангел, ви го упатуваме овој апел и молитвена молба за помош, за да го исполниме сонот на мнозина од нас, безусловно и љубовно да послужиме на Бога, па сите заедно да земеме учество во возобновувањето на уште еден свет храм, посветен на Свети Никола Чудотворец.

Нека биде за радост и сведоштво на идните поколенија.

 

Урнатините од црквичката се наоѓаат во село Ветерско, на подножјето на Градиштанската планина, на 16 километри од Велес. Се претпоставува дека црквата е разорена од турците и маџирите – бегалци, возонбовена во 20. век.

 

 

 

 

 

Тажна е глетката денес на ова свето место.

 

 

 

Успеавме со скромни сили ние, иницијативниот одбор, да изработиме идеен проект за нејзиното возобновување.

Благодарност до браќата кои безусловно помогнаа во тоа.

И тука застанавме. Толку ни се силите и можностите  🙁

 

Ни треба подршка и помош за уште многу фази до реализација на крајната цел – да блесне уште еден храм во слава на Бога, црквата Свети Никола како заеднички наш подвиг.

Да оживее духот православен, преку богослуженија во него, за да се спасуваме преку Светата причест и молитвата кон Светителот, за тој пак, Свети Никола, да се застапува и моли за сите нас кои ќе помогнеме, ама и за сите луѓе знајни и незнајни.

За оваа цел, ништо сами, ние неколкумина не можеме. Сета надеж ни е во вас, драги браќа и сестри, да помогнете спрема силите, а во слава на Бога и Свети Никола.

 

Со надеж во БОга, ви благодариме однапред. Нека го моли Бог Свети Никола за сите, за исцеление на душите и телата наши!

 

 

Вака би изгледало нашето заедничко дело !

Свети Никола на помош биди ни…

Број на жиро сметка…

Комерцијална банка АД Скопје
број на сметката  30000 7044714858
партија  44714866 Иван костовски

 

Подготви – ПОКАЈАНИЕ