Свештеникот, како ЛЕКАР НА ДУШАТА, мора да биде без душевни болести, т.е. страсти, како би можел да ги лечи другите;
како пастир мора да биде напасен на богати пасишта евангелски и светоотечки, за да знае каде да ги напасува словесните овци;
мора да биде искусен во борбата со мислените волци,
за да умее да ги одгони од стадото Христово;
мора да биде искусен и јак во молитвата,
во воздржувањето;
не смее да биде обземен од страстите и сластите на овој живот, особено не со алчноста, славољубието, гордоста; со еден збор, мора да биде светлина за да ги просветлува другите, сол духовна, за другите да ги чува од духовно крварење и не смее да биде расипан од страстите.
Во спротивно, секој духовен болен може да му рече:
Лекару, најпрвин, самиот излекувај се (Лк.4,23), а тогаш ќе ти дозволам да ме лекуваш мене. Лицемеру, извади ја најпрвин гредата од окото свое, па тогаш ќе видиш да ја извадиш раската од окото на братот свој.(Мт. 7,5).