АЛЕКСАНДАР ШМЕМАН – Светата Тајна на единството
Всушност, денес многу се зборува – најверојатно неизмерно повеќе отколку во минатото – за христијанското единство, за единството на Црквата.
Но, во тоа е и суштината на ова, не се плашам да кажам
ЕРЕТИЧКО искушение на нашите дни, што тоа единство е нешто ДРУГО од единството што ги сочинувало срцевината и радоста, самата содржина на христијанската вера и христијанскиот живот од првиот ден на постоењето на Црквата, во тоа што речиси незабележливо за црковната свест се појавила замена на единството, а денес таа замена уште поочигледно се открива и како предавство.
Суштината на таа замена е наместо Црквата да се сфаќа, осознава и доживува истовремено и како извор и како дар на секогаш ново единство – зашто не е ниту извлечено од светот, ниту сведено на негово ниво –
самата Црква почнала да се восприема како израз, облик и како „потврда“ на едно веќе постојано, заемно, „природно“ единство.
Или кажано поинаку, Црквата како ЕДИНСТВО ОДОЗГОРА
е заменета
со Црквата како ЕДИНСТВО ОДОЗДОЛА, единството на плотта и на крвта, главен ако не и единствен, призив и назначение на Црквата станува неговото изразување и зачувување, замената
– станува предавство.
Убеден сум дека токму во нашите дни и токму затоа што нашата епоха, како ни една друга, е буквално опседната со култот и со патосот на „единството“, оваа замена е особено опасна, се заканува да стане предавство и ерес во целосното значење на овие зборови – иако за ова повеќето верници и „црковни“ луѓе се слепи.
Слепи се затоа што ниту имаат, ниту познаваат некако доживување на единството и, следствено, не го сакаат, зашто душата може да го сака само тоа што, иако само делумно
– „како низ некое стакло, низ магла“ – го почувствувала,
го запознала, го возљубила и веќе не може да го заборави.
Но тука не знаејќи, не помнејќи, го сакаат единството ОДОЗДОЛА, на него ја пренесуваат неизгасливата човекова жед за единство.
И не разбираат дека надвор од единството одозгора, што ни е дадено од Христа, секое единство одоздола, не само што однатре станува бесмислено и безвредно, туку неизбежно станува и идол и , колку и да ни звучи страшно, ја влече самата религија, самото христијанство, назад во идолопоклонство.
Затоа Црквата, а првенствено православното богословие, сега нема поитна и поважна работа од објаснувањето на опитот и на знаењето на единство – ОДОЗГОРА,
т.е. на самата суштина на Црквата што ја одвојува од се` во „овој свет“,
но која затоа и ја објавува како спасение на светот и на луѓето.
…….
ЕВХАРИСТИЈА – Александар Шмеман