Многумина мои ФБ пријатели ги интересираше и имаа дилема околу интимниот живот на мажот и жената во благословениот брак и воздржувањето во текот на постот.
Поконкретно, за нив е од пресудно значење за да одлучат дали ке живеат како вистински членови на Црквата, следново:
Доколку верникот со претходно покајание, молитва, пост, борба со …страстите, редовна исповед ,
добие благослов за редовна причест секоја недела во текот на годината, ДАЛИ
е дозволен нормален и редовен интимен контакт со брачниот другар без ограничување и ако НЕ,
дали и колку денови пред неделниот ден и богослужбата би требало да се воздржуваат?
Отец Ивица одговори вака:
Коринтјаните. 7, 3 – 6
3 Мажот да ја извршува својата должност спрема жената, а исто така и жената – спрема мажот.
4 Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената.
5 Не лишувајте се еден од друг – освен по договор за некое време , за да ПОСТИТЕ и да Му се молите на Бога и пак да бидете заедно за да не ве напаствува сатаната, поради вашето невоздржување.
6. Ова, пак, ви го велам како допуштање, а не како заповед.
Објаснување:
Во период кога Црквата (црковната зедница) е во Пост, односно, кога духовниот раководител на сопружниците, од разни причини, ќе им определи Пост ( се мисли на телесниот Пост, на воздржување од некои видови на храна) тогаш сопружниците, преку взаемен договор, за некое време се воздржуваат од интимни односи.
Ова воздржување има за цел сопружниците по активно и по задлабочено да го практикуваат подвижничкиот (аскетскиот) духовен живот за, преку истиот, да можат:
1. духовно да се воздигнат, за да надминат некои слабости или грешни настроенија,
2. личносно да созреат, за по спасоносно да чекорат по Патот на спасението
3. да се издигнат над секојдневните активности и обврски кои знаат да го затапат сопружничкото живеење и да го испразнат од љубов, нежност, душевен допир, взаемно воодушевување.
4. Особено е препорачливо во периодот (накаде околу три дена) пред пристапувањето да се Причестиме – да го засведочиме нашето единство со Христос, а и со неговата Црква – да го зајакнеме нашиот духовен подвиг.
5. Интимните односи, во рамките на благословениот брак, во животот на Црквата не се доживуваат како нешто грешно или неприфатливо, напротив, истите се битен фактор во љубовниот живот на сопружниците.
Во периодот на Пост се советува сопружниците да се воздржуваат од интимните односи – не затоа што истите се грешни – тука затоа што во тој период сопружничкото живеење со воздигнува на еден повисок, духовен степен, односно, повеќе се преферира духовниот – личносниот контакт од телесниот.
Искуството потврдува дека зајакнувањето на овој духовен контакт помеѓу сопружниците позитиво делува и на телесниот контакт.
6. Интимните односи, надвор од благословениот брак, во животот на Црквата се доживуваат како грев – љубовно промашување.
Тоа е така, зато што надвор од благословениот брак, интимните односи знаат многу да му наштетат , како на духовниот, така и на телесниот живот на човекот.
7. За позадлабочено запознавање со оваа проблематика обратете се кај вашите духовни раководители/ парохиски свештеници.
презвитер Ивица Тодоров (2011)