Подготовка во светот

Затоа драги браќа мои кои сте примиле личен повик од Христа за Неговата ангелска војска, потрудете се колку што можете, пред сѐ, да најдете некој монахољубив духовник да ви помогне и да ве раководи додека сѐ уште сте во светот.

Ако е неопходно, подобро e да најдете оженет духовник, под услов да e монахољубив, отколку „јеро(не)монах” кој се бори против монаштвото. Исто така, додека се уште сте во светот, обрнете внимание и на ова што покрај останатото понатаму ќе го кажувам.

За зачувување на душевната и телесната чистота

Подобро е да се дружиш co мали ангели отколку co постари или врсници, ако се тие мали ѓаволи.

Подобро е да бидеш оддалечен од световната околина и да бидеш близу до Бога, отколку да имаш работа co световната околина само за да не те обвинат дека си недруштвен, и така, без да си свесен, да се оддалечиш од Бога.

Подобро е жените да те сметаат за глупав (или момчињата – девојките) за да го сочуваш духовното расудување и чистота и да го носиш тој тежок крст, зашто овој крст во себе ja крие сета сила и премудрост Божја. Тогаш ќе бидеш посилен од Самсон и помудар од мудриот Соломон.

 

Kora одиш, најдобро e да се молиш co Исусовата молитва и да не гледаш ни лево ни десно, па макар поради тоа да ти замерат роднините дека ги запоставуваш и не сакаш да разговараш co нив.

Тоа e многу подобро отколку да гледаш наоколу и нанесувајќи си себеси штета, повторно погрешно да бидеш сфатен од световните луѓе кои мислат само на она што e лукаво.

Илјада пати e подобро по Литургија како див ѕвер да избегаш од луѓето за да го сочуваш духовното расудување и она што си го здобил на Литургијата, отколку да седиш и да губиш време гледајќи во женските бунди (или жените во машките кравати), зашто така ќе подивиш од раните што непријателот ќе му ги зададе на твоето срце.

Kora немаш никаква работа и не можеш да го користиш своето време за духовно делување, подобро e да одиш и во трлото за свињите и да ги имитираш свињите и да се тркалаш co нив во калта, и потоа да се вратиш дома, да се искапеш, да ги смениш алиштата, и да почувствуваш олеснување од капењето, отколку да одиш во ноќни клубови и да ja втераш својата душа во калта на уживањата и да се вратиш дома co тешкото бреме на адот во душата.

Подобро е да одиш во кокошарник и таму да ги учиш кокошките како да кокодакаат во ритам, отколку да се излажеш и да отидеш кај соседите и таму да разговараш co жените за духовни нешта (или млади жени co мажите), зашто колку и да ти се чини духовно, во себе крие непријателска замка.

Според тоа, подобро e момчињата кои сакаат да ја сочуваат девственоста да ги одбегнуваат жените како што го одбегнуваат ѓаволот (истото важи и за девојките за одбегнување на мажите).

Верувам дека Христос нема погрешно да ги разбере, зашто тоа го прават за да ја предупредат слабоста на својата возраст. Во спротивно, тие во својата блискост би можеле да се обесчестат и да станат бескорисни како гранче изглодано од кози.

За младиот човек подобро e неуморно да се бори кога неговото тело e живо или тромо за да се здобие co мажественост, отколку да страда од своето непослушно тело или од својот нестабилен женски карактер, односно од женска сентименталност или тромост.

Сите овие мои остри зборови, брате мој, сметај ги за неопходни, сметај ги за бодликава жица што го оградила и го чува твоето мало духовно дрво додека не му пораснат гранки, зашто мајката Црква ги чека твоите плодови.

Ако внимаваш сега, подоцна ќе можеш да понудиш освен плодови и густа и свежа сенка и да ги угостуваш под своите сенки не само овците, туку и напатените кози, кои по Божјата благодат, повеќе не можат да ти наштетат и кои ќе jа примат твојата помош.

Потруди се твојата работа и твоето окружување да биде од корист за твоето духовно здравје додека си уште во светот.

Така ќе имаш можност подобро да ти оди работата, да се вратиш дома co мир и многу полесно духовно да се концентрираш. Плод на ова ќе биде поуспешна духовна борба.

Пренесено од книгата “Срце за целиот свет” од Старец Пајсиј, Старец Порфириј и Старец Тихон

Претходна статијаГледате ли возљубени во што се состои вистинскиот пост?! (Свети Јован Златоуст)
Следна статијаВреме ни е да плачеме! – Св. Јован Златоуст