…Срце на исихијата e Исусовата молитва или молитвата на срцето, т.е. непрекинатото изговарање на зборовите:

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот (грешната), нејзината пократка верзија:

Господи Исусе Христе помилуј ме, па дури и: Господи Исусе или само Исусе.

Преку Исусовата молитва човек e повикан да оди по стапките на Богородица Koja пребива во храмот, повикувајќи го Неговото име во собраност, внимание, смирение, тишина, трезвеност на умот и внимание на битието во послушност кон Бог…

Според свети Григориј Палама, Богородица „стана Богомајка, го соедини умот co Бог, a Бог co телото, и Бог Го направи Син Човечки a човекот син Божји; го измири светот co Оној Кој светот го создаде, co дела нѐ поучи дека луѓето до созерцание доаѓаат не толку co помош на сетилата или на мислењето (оти co тоа би биле незначително подобри од животните), колку преку очистувањето на умот, па стануваат соучесници во Божествената благодат преку која се насладуваме на богоподобната убавина, не преку помисла, туиу преку несоздаденото допирање.”

Човекот кој пребива во исихија сака да ги живее зборовите на светиот Јован Предвесник:

“Он да расте, а јас да се смалувам” и на светиот апостол Павле: “He живеам повеќе јас, туку Христос живее во мене”.

Жената, немајќи учество во хиерархиското свештенство како служење на Црквата, најтесно своето свештенство го остварува во Богородица како свој архетип.

Молитвата станува трајна состојба на човекот, „сликите во катакомбите претставуваат икони на жени на молитва и прикажуваат лик на молитвеничка, ОРАНТА.

Ова e вистинскиот став на човечката душа. He e доволно да се има молитвата, мораме да станеме молитва, отелотворена молитва.

He e доволно да се познаваат миговите на славословие, целиот наш живот, секое дело и секое движење мора да стане химна, жртва, молитва. Мораме да го даруваме не она што го имаме, туку она што сме.”

Kora зборуваме за Христовото Рождество, велиме дека „на Татковството на Отецот во Божественото, одговара мајчинството на Пресветзта Дева во човечкото.”

Светиот Дух во верните Го paѓе Христос и на тој начин e слика на мајчинството.

Благодатниот позив на жената е да Го paѓa Христос co Силата на Светиот Дух.

Воплотувањето и зачнувањето во Богородица се случува како продлабочувзње на Нејзиниот молитвен живот.

Раѓањето на Бог од Неа, Која e “Негова твар укажува на способноста на секоја жена, кога таа навистина станува нова твар, да Го paѓа Бог во опустените души.”

Тоа e духовното мајчинство на жената: кога таа го поседува благодатниот дар да Го paѓa Христос во душите на луѓето.

Човекот, исповедајќи ја верата во Христос и влегувајќи во покајание поради своите гревови, како што и во утробата на Дева влезе Бог, и во човекот кој го прима Словото и се учи на правилен живот влегува семе кое „Го зачнуваме, значи, не телесно, како што Го зачнала Дева и Богородица, туку духовно, a сепак стварно, и во своите срца Го имаме Оној Koгo и чистата Девица Го зачна, според зборовите на божествениот Павле:

“Бог Кој заповеда некогаш од темнината да изгрее светлина, Он ги озари срцата наши за да биде познанието на славата Божја во лицето на Исуса Христа светло” (2 Kop 4, 6), што би значело Самиот во целост вистински се роди во нас”.

Духовното раѓање во човечките срца секогаш ја твори тајната на обновувањето на душите  и единството co Бог Словото.

Според свети Симеон Нов Богослов, сите свети се тројно поврзани co Богородица.

Најнапред се поврзани co Hea преку човечката природа, оти сите се создадени од истата глина и истиот здив.

Потоа, причестувајќи се co Телото Христово, светите се причестуваат co обоженото тело на Словото, кое Тој го прими од Богородица „оти како што од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат (Јован 1, 16), така и ние се причестуваме од непорочното тело на Сесветата Негова Мајка кое Тој го зеде од Неа.”

Најнакрај, поврзани сме преку светоста во духот која ja примивме благодарение на Неа, оти секој од нас духовно Го зачнува и Го има во себе Бог како што и Таа Го имаше во Себе.

Според тоа, светите се на некој начин Нејзини служители, a од друга страна се Нејзини деца причестувајќи се co пречистото Тело на Нејзиниот Син.

Пренесено од списанието “Премин” Ноември/Декември 2012, двоброј 85/86

Претходна статијаБогородица e вистински исихаст…!
Следна статијаВо Богородица ни се открива Старица – Мајка на се создадено!