Ако навистина кажувате вистина, синови човечки во правда и вистина нарекувајте Ја Блажена Небесната Царица.

Ако нешто е за слава и пофалба на Спасителот Христос ако Му е угоден некој наш принос, тогаш тоа ќе бидат химните и духовните пеења, кои и ги упатуваме на Неговата возљубена Мајка.

Со Неа пророците се усладија,

со неа апостолите се пофалија,

со Неа светителите се украсија,

со Неа мачениците се укрепија,

со Неа монасите беа поучени и упатени,

со Неа испосниците ангелоподобно живееја,

со Неа девствениците со венци на чистотата се украсија.

Чудесен е Бог во сите светии, но, пречудесен е во најсветата Царица над цариците во Пречистата Невеста, Преблагословената Приснодева Марија.

(Од Богородичниот ПСАЛТИР)

Претходна статијаСУД БОЖЈИ, ПРЕД ПОСЛЕДНИОТ СУД Според свети Симеон Нов Богослов
Следна статија„Господи, очисти ме! (беседа за покајанието А. Блум, втор дел)