„Непријателот, ако не може да нѐ натера да направиме нешто лошо и да нѐ собори со лоши и лукави мисли,
тогаш нѐ напаѓа со жалости и страдања, за да го помрачи нашиот разум и потоа да сее во него сѐ што ќе посака.

Ако ни на овој начин не може да ја постигне својата пакосна цел, тој тогаш ни овозможува да ги имаме сите удобства во животот, ни ласка и нѐ воздигнува, нѐ наведува на секаква измама, што е всушност нешто пострашно и од сите страсти, зашто тоа нѐ прави горделиви, нѐ повлекува кон длабочината на сластољубието, го изгонува од нас спомнувањето за Бога, за нашата немоќ и за смртниот час.

Најпосле создава во нас расположение да се бориме против секој човек и сѐ што е добро.“

– Добротољубие

Претходна статијаБожествена Литургија во Марков Манастир на празникот Преображение на Господ Исус Христос
Следна статијаСУД БОЖЈИ, ПРЕД ПОСЛЕДНИОТ СУД Според свети Симеон Нов Богослов