“Ако размислиме добро, ќе видиме дека само и само заради занимавањето со самите себе и со тоа како се чувствуваме страдаме во овој живот.

Страдаме заради занимавање со ситници, а не заради она што е битно.

А што ни е важно, значајно, битно?

Единствено Бог (Света Троица) и Неговото прославување, односно исполнувањето на Неговите заповеди.

Колку тоа треба да ни е битно? Апсолутно, фанатично, и толку.

Но, како што предвестив, почетокот на таквиот подвиг се случува и го учиме преку правилниот однос кон Богочовекот Христос во покајната молитва. Пример, ги изговараме зборовите на молитвата:

‘Господи Исусе Христе (Сине Божји), помилуј ме грешниот’ (или ‘помилуј нè’ – што е исто), и ниту нѐ интересира како притоа се чувствуваме, ниту што и како било, е и ќе биде;

важно ни е само да се прославува името Господово и да се исповеда, во Светиот Дух, дека Богочовекот Исус Христос е нашиот Господ
(види 1 Кор. 12, 3).

Тоа е идеална посветеност на вистински војник кон која треба, и покрај падовите, да се стремиме.”

ИЗВОРMonika Nikolova
Претходна статијаМожеби сакаш да се потрудиш да го достигнеш совршенството?
Следна статијаСакаш ли за сeбe дoбрo? Сeкoe дoбoр e вo Мeнe! (Св. Тихон Задонски)