ГАВРИИЛ значи Божја крепост.
Тој е благовестител на Божјите тајни, посебно на тајната на воплотувањето на Синот и сите тајни поврзани со неа.
Насликан е вака: во десната рака држи фенер со запалена свеќа, а во левата огледало од зелен камен јаспис: огледалото ја означува премудроста Божја како сокриена тајна.
Се слика на Царските двери како благовестител на Пресветата, а на влезот од левата страна со перо како ги запишува оние кои со нечисти мисли влегуваат во храмот Божји….
Сите тие заедно се нарекуваат ангели (вестници), затоа што сите се Божји служители, учествуваат во нашето спасение.
Иако тоа не е нивната единствена служба, тие заради неа од Светиот Дух во Светото Писмо го добиле името.
Според тоа и серафимите како највисок и на Бога најблизок чин се нарекуваат архангели (т.е. “први ангели”), што во овој случај не е име на чинот, туку на службата (за да не ги поистоветуваме со осмиот ангелски ред);
Дека Божјите ангели непрестано општат со овој свет за тоа сведочи Светото писмо јасно и непобитно.
Нешто од Светото писмо, нешто од Светото предание, православната Црква дознала за имињата на седумте ангелски сили, и тоа:
Михаил, Гавриил, Рафаил, Уриил, Салатиил, Јегудиил, Варахиил (покрај нив некои спомнуваат и осми – Иеремиил).“
Извадок МПЦ ОА