Да се одрекува црната и белата магија значи да се одрекнува долгогодишното искуство на духовните луѓе.

Во морална смисла оваа магија се пројавува во вид на добра или зла волја, а во ментална смисла се пројавува низ злонамерноста или добронамерноста.

Лошата волја на еден човек го малаксува другиот човек, го парализира и буквално го убива. Добрата волја го подигнува, осилува и буквално го оживува.

Кога ќе се сретнат двајца луѓе со добра волја, во нив се зголемува магијата на доброто.

Кога ќе се сретнат двајца со зла волја, во нив се зголемува магијата на злото.

Кога ќе се сретнат двајца, едниот со добра, а другиот со зла волја, меѓу нивните души се одигрува невидлив двобој, иако тие не се ракувале ниту прозборувале ниту еден збор.

И ретко се случува, двајцата да си заминат без рани во душите.

Затоа, кога и да појдеш муѓу луѓето, собери ја сета добра волја и повикај го Бога на помош.

Он ќе заповеда на Своите ангели да не се одалечуваат од тебе.

Бидејќи навистина е неискажливо милостив кон оние кои го повикуваат.
Кога на детето му се приближува змија, не брза ли мајката на помош?

А милоста мајчина е бледа како сонот во однос на милоста Божја.

 

Мпц Оа

Претходна статијаВера и вера!
Следна статијаНе ги гледај своите добри дела!