Вера и вера

Што повеќе невера во неверните, тоа посилна вера во верните.

Изгонувајќи ја добрата вера од себе неверните остануваат со лошата вера. Изгонета, пак, добрата вера од нив низ невидливи патишта преоѓа во верните.

Изгонувајќи ја лошата вера од себе верните остануваат само со добрата вера. Изгонета, пак, лошата вера од нив низ невидливи патишта преоѓа во верните.

Што повеќе се размножува лошата вера, толку повеќе добрата вера добива во силина. И обратно.

И така, од секогаш и до век иста е мерата на верата во светот.

Значи, не плаши се за верата во Бога. Никогаш не се плаши од оној од кого Бог не се плаши.

Клетва и благослов

Труди се на луѓето да им го правиш тоа за што на почеток ќе те проколнуваат, но на крајот ќе те благословуваат.

Грешниците ќе те обсипуваат со пофалби, ако ги правдаш нивните гревови, но тогаш не оди им блиску до нивната смртна постела.

Н. Велимировиќ

Претходна статија„ Што да правам: Се плашам од срамот – понижение! (Св. Игнатиј Брјанчанинов)
Следна статијаДобра и зла волја!