Почитуван отец, можете ли да ми кажете на кој начин се одбира духовен отец, како да го направам тоа. Бидејќи сакам да имам вистински духовен живот, а не како до сега да бидам само традиционален православен христијан.
Христос воскресе!
Поздрав и секое добро!
Одговор на отец Горан:
Духовниот отец може да биде и парохискиот свештеник при најблискиот храм каде што ќе се исповедаме, и каде ќе раснеме во послушанието што ќе ни го даде за начинот на пост, молитвено правило, читање на Светото Писмо, учеството во Литургијата и причестувањето на Литургиите на кои учествуваме.
И секако помолете се на Бога за вашиот отец!