Бог од почетокот создал два света – видливиот и невидливиот,
и царувајќи над невидливиот, кој ги носи во себе карактеристичните црти на двата света – едниот со својот видлив, и другиот, со невидливиот дел, – во душата и во телата.
Во овие два тела греат две сонца, – видливото и невидливото.
И она што е материјално сонце за видливиот свет, тоа е Бог за невидливиот свет, – Бог , Кој се именува – „Сонце на Правдата“.
Материјалниот свет и се` што е во него – е осветлувано од духовното сонце – од Сонцето на Правдата.
Материјалниот свет се осветлува со видливото сонце, а духовниот – од духовното; едното и другото осветлување не се мешаат и не се сливаат во едно меѓу себе – ни духовното со материјалното, ни материјалното – со духовното.
Од се ` што е видливо и духовно, Бог, само човекот го создал со двојна природа. Тој има тело, кое е составено од четири стихии, чувство и дишење, – и душа духовна, не материјална, не телесна која е соединета неискажливо и неиспитливо, сорастворена не слеано и соединета непомешано со она што е во телото.
И еве, тоа е човекот – живо смртно и бесмртно суштество, материјално и духовно, видливо и невидливо, телесно и духовно, создание со духовни особености.
Како што двете сонца разделено дејствуваат , секое во својот свет, така дејствуваат тие на секоја страна на човекот; едното сонце го осветлува телото, а другото – душата.
И едното и другото сонце од својата светлина ги осветлува и едното и другото, богато или оскудно, според тоа колку тие можат да примаат.
Материјалното сонце е видливо, но тоа самото не гледа;
духовното сонце можат да го видат достојните, а тоа ги гледа сите што не можат да го видат.
Материјалното сонце не зборува и никому не му дава сила и способности да говори, а духовното сонце и самото им говори на своите пријатели и на сите луѓе им дава способности и сили да можат да говорат.
Материјалното сонце греејќи ја земната градина, само ја исушува со топлината на своите зраци влагата на земјата, а не ги храни и не ги унапредува растенијата и семињата;
а духовното сонце грее во душата и ги пројавува истите дејствувања: ја исушува влагата на страстите, очистувајќи ги нечистотијата и смрдеата кои произлегуваат од нив, а на духовната земја и дава подобрување со тоа што и ја дава божествената благодат со кои се прехранува и наситува и постепено на неа, малку по малку, напредуваат сите добродетели.
Материјалното сонце кога ќе изгрее, го осветлува , материјалниот свет и се ` што е во него:
луѓето, животните, растенијата и се` друго што е во светот; над сето тоа еднакво ја просипува својата светлина;
царува напладне, а потоа заоѓа и ги остава во темнина сите места над кои греело и светело.
А, духовното сонце, такво изгреало, секогаш грее, секогаш свети, става се` во се`, а истовремено се одделува од своите твари и неодделно, одделно живее од нив, зашто е се` во се`, и никаде не е само во своите твори, така што да не биде и во други места.
Тоа е целото во се` што е видливо и невидливо, целото е секаде присутно и никаде не е целото исклучително.
Христос е почеток, средината и крајот.
Он е и во првите и во вторите – во средните и во последните, како што е во првите, така е и во последните.
За Него, нема разлика меѓу нив.
За него „нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски; зашто сите вие сте , едно во Христа Исуса“.