Ве молам за објаснување: Што означува зборот ПЕТОЛЕБИЕ, каква му е намената и симболиката? Зошто ПЕТ и зошто на Акатист на Пресвета Богородица?

Благодарам!

 

 

Одговор од отец Горан:

Петтолебие е чин на благословување на лебот, пченицата, виното и маслото, во спомен на чудото кога Господ Исус Христос со пет леба нахранил пет илјади луѓе.

Овој чин е дел од Вечерната богослужба.

Во Скопје во великопосниот период Петтолебието се извршува и по Акатстот на Пресвета Богородица, иако Акатистот е дел од Повечерието.

Сите спомени во Црквата, како и ова Христово со петте леба се целосни и имаат смисла само ако нѐ насочуваат кон Литургијата кога ќе се причестиме со Самите Тело и Крв Христови, низ постојана подготовка според нашите сили со исповед, пост и молитва.

Без причест никогаш нема да бидеме верни, туку само суеверни.