ПРЕТСКАЖУВАЊЕ НА НЕКОИ ПОБОЖНИ ЛУЃЕ ЗА НИВНИОТ СМРТЕН ЧАС

Зборувајќи за тоа дека смртта ги чека сите луѓе и дека нејзиниот час никој не го знае, треба да се каже дека на некои побожни луѓе, заради нивниот свет живот, според раководењето на Црквата, им биле претходно претскажани времето и часот на нивната смрт на неколку години, месеци и денови.

1. Така, на Свети свештеномаченик Климент, епископ Анкирски, Господ му открил дека 28 години ќе страда и по тие години маченички ќе заврши.

2. Ha св. Василиса и’ било претскажено на половина година пред смртта, дека пред неа, во оној друг свет ќе се преселат девици од нејзиниот манастир.

Bo текот на половина година, навистина сите девици од манастирот починале. Пред смртта на св. Василиса и’ се јавиле во група сите девици, во светли царски облеки и и’ рекле:

“Ние те чекаме, мајко наша, заедно co тебе да се поклониме на нашиот Господ и Цар наш. Дојди и предај нè на Христа, за Кого ти нас нè прстенува”.

3. Ha св. Стефан епископ Пермски, денот на смртта му бил претскажан пред три месеци.

4. Ha преподобен Макариј Египетски му дошле двајца мажи од другиот свет: Антониј и Пахомиј пустиножители, и му рекле:

“Христос нè испрати нас да ти благовестиме за твојот радосен крај: од денес, во деветиот ден, ќе преминеш во вечен живот, и ние тој ден ќе дојдеме и co радост ќе те земеме co себе, заедно co нас да застанеш пред Божјиот престол и да се насладуваш co бесмртната храна. Мир на тебе!”

По овие зборови, станале невидливи. Кога дошол деветиот ден, пред св. Макариј застанал Херувим co многу ангели и му рекол:

“Стани подвижниче Господов, дојди co нас во вечен живот, подигни ги очите и види колку Седржителот ти има испратено бестелесни небесни сили и светители да те одведат кај Hero: погледај, собор на апостоли, собор на пророци, мноштво на маченици, светители, исповедници, преподобни и праведници; предај ми ja душата твоја, која како големо богатство ќе ja примам и ќе ги поминам противничките сили, ќе ја претставам пред Божјиот престол”.

5. Преподобен Ефтимиј му рекол на братството:

“В сабота, на полноќ, ќе се одделам од вас, a мојот ученик Димитријан, во седмиот ден ќе умре пo мене .

Bo таа прилика ги поучувал браќата:

“Како што е потребна солта на лебот, така, и смирението, и љубовта и’ се потребни на добродетелта. Душата и телото треба да се чуваат во чистота, co одење во храмот Божји, на општа молитва”.

Трите дена пред смртта ги поминал во храмот и ноќта, во саботата се упокоил.

По неговата смрт, неговиот ученик поминал шест дена на неговиот гроб. Седмиот ден, во ноќта му се јавил преподобен Ефтимиј, co светло и радосно лице, и му рекол:

“Дојди во покојот подготвен за тебе, бидејќи Го измолив Владиката Христос, да бидеш co мене .

Димитријан дошол во црквата, му раскажал на братството и веднаш потоа се упокоил и бил погребан до гробот на својот учител.

6. Ha преподобен Јован Кушчник, три дена порано му било претскажано времето на смртта.

Пренесено од книгата “Задгробни тајни” од игумен Антониј

Подготви: Мина Даниловска

Претходна статијаДадeн ни е oвoј кратoк зeмeн живoт какo училиштe и испит- Свети Алексиј човек Божји
Следна статијаБез причест никогаш нема да бидеме верни, туку само суеверни! (На ваши прашања одговара свештеникот)