Имајте мир и љубов помеѓу себе за Христос да се всели во вашите срца, но љубовта мора да биде искрена, да го бара спасението на ближниот, а не да биде лажна.
Во духот на кроткоста и љубовта помагајте си едни на други и ослободувајте се од гревовите, но чувајте се од осудување и грубо разобличување.
Безгранично трпете, простувајте безброј пати.
Трпеливо носете си го својот крст и слабостите на другите, не паѓајте со духот и не роптајте, и за сѐ благодарете Му на Бога.
Добродушното поднесување на маките и болестите и нежната грижа за болните се над постот и молитвата, и за сето ова се добива награда од Бога.
† Старец Сава Псковско-Печерски
,,Господи Ти си мојот живот”